(ФОТО) За разводот на Џорџ и Амал се шушка со месеци: Бесната адвокатка го истерала глумецот од куќата!

Странските медиуми пишуваат дека причината за разделбата во бракот на славната двојка е дискусијата за уште една принова…
Џорџ (59) и Амал Клуни (42) веќе неколку месеци се тема на светските медиуми поради несогласувања во бракот за време на карантин, што наводно ескалирало со развод.
Имено, славниот пар не се согласува за тоа каде ќе живее кога нивните тригодишни близнаци ќе одат на училиште, па адвокатката се залага за живот во Велика Британија, а холивудскиот актер навива за Лос Ангелес.
Нивниот брак бил многу разнишан, а според „Ентертејмент тајмс“, Амал го избркала Џорџ од куќата, откако тој не се согласил со нејзината идеја за уште едно дете.


Имено, двојката неодамна имала жестока расправија, а актерот веднаш го напуштил домот во кој живеат во моментов.
Иако долго време се шпекулираше дека желбата на адвокатот да изгради големо семејство може да наиде на отпор од холивудскиот актер, кој веќе иживеал добар дел од својот живот, се чини дека предвидувањата биле точни.
Иако се во брак повеќе од шест години, за нивните брачни кавги не престана да се пишува.
Сопружниците не се огласиле за овие шпекулации, но, како што пишуваат странските портали, се чини дека овојпат навистина дошло до крах на љубовта.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Љубовна приказна каква нема ниту на филм: Шон Конери 45. години сакаше една жена

Во свет каде што односите и браковите се’ потешко се преживуваат, парот кој остана заедно …