Фестивалот на пантомима и физички театар „Панфиз“ на отворено, на 19 и 20 септември пред МНТ

Меѓународниот фестивал на пантомима и физички театар „Панфиз“ оваа година, поради коронавирусот, првпат ќе се одржи на отворено пред МНТ, на 19 и 20 септември.

Местата ќе бидат ограничени (30), во корелација со просторот, а по препорака на Комисијата за здравство. Билети ќе бидат поделени пред претстава по принципот прв дојден прв услужен.

„Како и секаде, така и во овој случај, ќе се врши мерење на температурата пред влегување, носењето маска е задолжително за сите, а дезинфекциски средства ќе бидат поставени на видни места за ваша и наша заштита“ – велат организаторите.
На фестивалот ќе има гости од Србија – „Алис ин вондербанд“ со претставата „Кис“, од Бугарија Филип Дончев со претставата „Лакомиот“, а за крај буто-перформанс, копродуциран од театри од Македонија и Србија.


ПРОГРАМА:
19.09. 20.00 ч. “Alice in WonderBand” –
Србија
“KISS” музичка
комедија
20.09. МНТ плато 10.00 ч. Театарска
Работилница –
“Телото како инструмент”-
Ана Врбашки, Србија
20.00 ч. Филип Дончев –
Бугарија
“Лакомост”- пантомима
21.00 ч. “Страница Театар” и
Марко Нектан –
Македонија – Србија
“Кабаре на Апсурдот” –
буто перформанс

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Младиот режисер Сергеј Сарчевски со совет до џифонци: Снимајте кратки приказни, секоја наредна ќе биде подобра

Основачот на фестивалот „Џифони експериенс“, Клаудио Губитози, денеска во 17 часот ќе ја раскаже својата …