Еден донор, 36. деца и еден куп тужби

Родителите сметаат дека донаторот 9623 е генијален избор затоа што зборува четири јазици, а не некој што го напуштил факултетот со криминално досие.

За мајките, тој бил само донор со број 9623. Тие не го знаеле неговото име, но од неговиот брилијантен профил, тие знаеле дека овој донатор на сперма има IQ 160, зборува четири јазици, подготвува докторат по невронаутички инженеринг и личи на Том Круз.
Но, донаторот 9623 не е тој што се преправал дека е. Тој не бил на постдипломски студии. Никогаш не завршил факултет. Лагите започнале да се разоткриваат во 2014 година, кога банката за сперма случајно го открила неговото име – Крис Агелес – и неговата адреса за е-пошта во групна порака до мајките. Дотогаш, спермата што ја донирал во текот на 14 години била испратена во неколку земји, а од тоа се родиле најмалку 36. деца.


Љубопитните мајки гуглале и нашле коментар што го оставил на Интернет за тоа како „слуша гласови“. Тие подоцна дознале дека бил хоспитализиран поради ментална болест, неспособен, дека во еден момент бил самоубиствен и се изјаснил за виновен за провална кражба – сето тоа пред или за време на донирање на сперма.
Банката за сперма не знаела ништо од ова и не проверила никаква информација од неговата биографија што била на неговиот профил, според тужбите поднесени од мајките. Тие се шокирале кога сфатиле дека има неколку неправилности во нивната работа со банката за сперма. И сега тие се загрижени дека нивните деца можат да наследат предиспозиција за ментална болест. Од 2016. година, тие поднеле повеќе од десет тужби против банката за сперма; еден случај во моментов се чека пред Врховниот суд на Грузија.
Банката за сперма не сакала да се огласи по овој повод.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Успешна битка за живот: Со внесување на една овошка го победила ракот на тироидата!

Скоро секојдневно во јавност се појавуваат убави приказни за луѓе кои ги одбиле советите на …