Еве зошто е важно секогаш да го спуштате капакот на тоалетната школка кога пуштате вода

Луѓето во просек поминуваат три месеци од својот живот во тоалетот. Сакале или не, одењето во тоалет е голем дел од нашето секојдневие, но една хигиенска грешка е многу честа.
Голем број на луѓе не го спуштаат капакот кога пуштаат вода, а „Bright Side“ истражува зошто ова е важно.
Истражувањата покажале дека кога пуштате вода, фекалните честички и бацилите можат да летаат до четири метри во воздухот. Научниците тој аеросолот го нарекле „тоалетна перјаница“, според тоа како се шири.
Ако тоалетот го испираме со подигнат капак, сите површини во бањата ќе бидат покриени со бацили. Доволно е да се каже дека ова ја вклучува и вашата четка за заби.


Здравствени проблеми
Не станува збор само за хигиена – не спуштањето на капакот исто така го загрозува вашето здравје. Меѓу бактериите што летаат низ бањата, најопасна е ешерихија коли, а некои видови на оваа бактерија можат да доведат до дијареја и повраќање.
Иако чистењето на сите површини по секое испирање на тоалетот изгледа како решение, не само што ви треба многу време и пари, туку и хемикалиите во средствата за чистење често се поопасни од бактериите. Кога ќе се предозирате со нив, тие можат да ги иритираат белите дробови, очите и кожата.
Овие три правила ќе ви заштедат здравје, пари и време.
1. Секогаш спуштајте го капакот на тоалетот.
2. Четки за заби и други производи за лична хигиена чувајте ги што подалеку од тоалетот.
3. Ако користите тоалет, излезете од него за време на испирањето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Успешна битка за живот: Со внесување на една овошка го победила ракот на тироидата!

Скоро секојдневно во јавност се појавуваат убави приказни за луѓе кои ги одбиле советите на …