Ο Άγιος Μάμας

Денеска е спомен на Светиот маченик Мамант: Светител роден во затвор но чии мошти многумина излекувале!

Родум од Пафлагонија, од Теодот и Руфина, прочуени христијани. Неговите родители беа фрлени во затвор заради Христовото име. Во затворот прво умре татко му, а потоа мајка му откако го роди и самата се упокои. Така, значи, остана младенецот во затворот меѓу мртвите тела на своите родители. Но, Промислителот Бог го испрати Својот ангел кај некоја благородна вдовица Ама, на којашто ангелот ѝ се јави во сон и ѝ рече да отиде во затворот и да го земе детето кај себе. Ама измоли дозвола од градоначалникот да ги закопа умрените, а детето го зеде во својот дом. Почна да зборува дури кога наполни пет години и првиот збор му беше „мама“. Заради ова и го доби името Мамант. На училиште, Мамант покажа необична бистрина, а бидејќи од дома беше воспитан во христијански дух, не ја криеше својата вера, туку ја исповедаше пред врсниците исмевајќи ги идолите. Во времето на царот Аврелијан имаше жестоко гонење на христијаните. Незнабошците не ги штедеа ни христијанските деца. Мамант имаше петнаесет години кога беше изведен пред царот. Царот му рече барем на збор да се одрече од Христа, на што Мамант му одговори: „Ниту во срцето ниту со устата нема да се одречам од мојот Бог и Цар Исус Христос.“ Царот нареди и го биеја, го гореа со свеќи и најпосле го фрлија в море. Но, ангел Божји го спаси и го одведе на висока гора, близу Кесарија. Овде тој живееше во осама и во молитва. Од неговата светост се спитомуваа дивите ѕверови. Најпосле, и тука беше пронајден од гонителите и повторно подложен на маки. Откако ја победи силата на огнот и на дивите ѕверови, го прободија со трозабецот на некој идолски жрец. Така Му ја предаде својата света душа на Бога, Кому Му остана верен во сите маки. Од неговите мошти се случија многубројни исцелувања на болни.

Свети Јован Постник, патријарх Цариградски
Се празнува и на 12. септември. Најпрво беше златар, па по Божја Промисла, а заради својата голема добродетелност беше посветен за свештеник. Како млад, Свети Јован еднаш одеше со некој стар монах, Евсевиј, од Палестина. Одеднаш му дојде глас на Евсевиј од некого невидлив: „Авво, не оди од десната страна на великиот Јован!“ Вака гласот Божји ја навестуваше големата служба на која Јован наскоро требаше да биде повикан. По блажениот Евтихиј, Јован беше избран за патријарх Цариградски. Никако не сакаше да прими, но беше застрашен од некое небесно видение, па затоа прими. До својата смрт беше испосник, молитвеник и чудотворец. Се упокои во 595. година. По неговата смрт како единствена сопственост кај него најдоа една дрвена лажица, една ленена кошула и една стара облека. Прочуени се неговите списи за покајанието и за исповедта.

Свети Елеазар
Син на Арон, втор по ред Израелски првосвештеник. Помошник на Мојсеј при пребројувањето на Израилскиот народ и помошник на Исус Навин при поделбата на земјата ветена на дванаесетте колена. Верно го чуваше ковчегот на заветот во Силом. Се упокои мирно.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПОВТОРНО ГОЛЕМ БРОЈ ПОЧИНАТИ: После 2699 тестирања денеска се регистрирани 862 нови случаи на Ковид 19: Битката со короната ја загубија 14 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2699 тестирања, а регистрирани …