(ВИДЕО) УШТЕ ЕДНО УБИСТВО ЈА КРЕНАЛО АМЕРИКА НА НОЗЕ: Полицаец застрелал насилен маж – снимката покажува како се бранел!

Немири избувнаа во друг американски град, Ланкастер, Пенсилванија, после уште едно полициско убиство. Убиен е 27-годишниот Рикардо Муњоз.
Да потсетиме, протестите низ Америка траат од мај, кога афро-американецот Џорџ Флојд беше убиен за време на апсењето.
Сепак, како што покажува камерата, убиството на Муњоз било поинакво.
Полицаецот очигледно пукал во самоодбрана затоа што Муњоз го нападнал со нож. Осомничениот излетал од куќата и го нападнал полицаецот, држејќи нож над главата, во позиција подготвена за напад.
Потоа полицаецот извадил пиштол и испукал неколку куршуми кон Муњоз.
Неименуван полицаец дошол на таа адреса откако жената пријавила дека нејзиниот брат е агресивен кон нивната мајка и дека се обидува да упадне во куќата.

Наскоро било потврдено дека Муњоз бил уапсен минатата година за прободување четири лица во Ланкастер. Кога полицијата го пронашла, тој држел нож на сопствениот врат, но полицијата успеала да го совлада.

Се наведува дека Муњоз бил ментално болен, со дијагноза на биполарно растројство и шизофренија. Неговата сестра потврдила дека не земал лекови веќе некое време.
И покрај сè, стотици луѓе излегле на улиците незадоволни од потегот на полицаецот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

БРОЈКИТЕ НЕ СЕ НАМАЛУВААТ – Денеска се регистрирани 518 нови случаи на Ковид 19: Починати се 9. лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2367 тестирања, а регистрирани …