(ВИДЕО) ТИКТОК – ИЗВИНУВАЊЕ после објаснување: Убаво е да се види резултат од една убава акција!

Секогаш е добро да се види кога после една интервенција, со цел да се објаснат нештата, следи уште поубава реакција…
Токму тоа се случи со момчето кое на социјалната мрежа ТикТок се смеел и лажно ја алармирал брзата помош во Скопје…

„За поздравување е потегот на директорката на Брза Помош која го повикала дечкото кој на Тик Ток звонеше на бројот 194, се смееше и лажно ги алармираше. Само со едукација и превоспитување може да им се помогне на децата и младите луѓе, а не со казнување (како што се повикува на социјалните мрежи).
Диркеторката го внела во просториите на Брзата помош, ја објаснила нивната работа, бројот на вработени и како таквите јавувања можат да загрозат човечки живот. На крајот дечкото јавно се извинува и кажува дека згрешил.
Ваквиот пристап е одличен и во функција на ресторативната правда според која е потребно да се сфати незаконското постапување, оштетената страна да опрости, да се помират и чинителот да биде едуциран“, напиша Оља Ристова на Фејсбук..

Момчето кое тераше мајтап со вработените од Брза Помош со извинување:

Момчето кое тераше мајтап со вработените од Брза Помош со извинување:Сепак, нашето барање е јасно СТОП ЗА TikTok во МАКЕДОНИЈА!

Gepostet von СТОП за TikTok во Македонија am Montag, 14. September 2020

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Што е ПЛФ формуларот, кој го бараат за влегување во Грција, и како се пополнува!

Ако ваша деестинација за оваа пролет и лето е Грција, она што ви треба со …