(ФОТО) Кејти Пери првпат во јавност после породувањето

Поп-sвездата Кејти Пери беше фотографирана рано утрово како купува кафе и намирници во локалната продавница во Малибу. Ова е првпат јавноста да има можност да ја види, уште од моментот кога ја роди ќерката Дејзи Блум.

Кети се породи на 27. август годинава, само еден ден пред да го објави својот нов студиски албум „Smile“.
Новите фотографии ја покажуваат во весело расположение, видливо полетна и среќна. Таа носела опуштен зелен фустан, капа, очила за сонце и заштитна маска.


Да потсетиме, Кејти најпрво ја објави веста за нејзината бременост со актерот Орландо Блум на почетокот на март, во спотот за песната „Never worn white“. Двојката подоцна потврди дека очекуваат девојче.
Обожавателите првично очекуваа Кети да ја именува својата ќерка „Дејзи“, поради истоимениот сингл од нејзиниот претстоен албум „Smile“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Боки 13 си дојде дома: Судот го испрати во домашен притвор

Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, ќе биде префрлен од притвор во истражниот затвор во …