(ФОТО) Ваква Ц-класа на Мерцедес сеуште не сме виделе

„Г-класата“ на Мерцедес досега е изработена во низа варијанти, како што се „4×4 squared”, „6×6” i или „landaulet”, но пред вас сега е „Проектот Gelandewagen“, кој за прв пат ја претставува познатата „коцка“ во „стрит“ тркачка верзија.

Ова многу невообичаено издание на грубиот теренец на Мерцедес ја претставува заедничката визија на Вирџил Аблох, главниот дизајнер на компанијата „Луј Витон“ и шефот за дизајн на Мерцедес-Бенц, Горден Вагенер.

G-Class се користи како платформа за истражување и деконструкција на идните сфаќања за значењето на луксузот. Резултатот е невиден облик на безвременски теренец што најдобро го опишуваат зборовите на Вагенер: „Со овој проект сакавме да го испитаме идното разбирање на луксузот, како и желбата за убаво и необично. Крајниот производ лежи некаде помеѓу реалноста и иднината“.


Со исклучок на првите генерации на легендарните „Gelandewagen“ и тркачки верзии за „теренски“ натпревари, како што е релито Париз-Дакар, ова е прва претставена улична тркачка верзија на „Mercedes G-Class“.

Во исто време, тој непогрешливо го задржува препознатливиот облик и стил на „коцката“, но исто така го усвојува духот на тркачки автомобил. Процесот на дизајнирање пред вас е резултат на личното искуство на двајцата дизајнери кои се сопственици на G-класата и нивната визија за потенцијалот што го има овој автомобил.

Надворешноста ја задржала познатата коцкаста силуета, а конечниот дизајн носи целосно оголена конструкција и ги слави сите несовршености создадени за време на рачно изработениот процес што го прават овој автомобил уникатен. Дури и дел од каросеријата е рачно пескиран за да се постигне впечаток на безвременска едноставност. На заварите на каросеријата се гледало како на украси, а вештината за маестрална работа на „Проектот Gelandewagen“ е во преден план.

Ретровизорите, трепкачите и преднаиот рол-бар се демонтирани, а на G-Class му е даден широк „боди кит“, додека суспензијата е спуштена исклучително за да се заврши новиот, тркачки изглед. Иако пренагласено големи, тркалата со тркачки пневматици, како и резервното тркало, сепак не ја нарушуваат класичната харизма на „G-Class“.


Внатрешноста е потполно оголена, а централниот мотив е заштитна рол-бар конструкција. Класичната табла со инструменти е заменета со верзија која потсетува на покажувачи од тркачките автомобили.

Потполн контраст на ова даваат седиштата и воланот, дизајнирани во стил на F1. Клучните безбедносни елементи што го прават возилото да се трка, како што се безбедносни ремени со пет точки и заштитна рамка, се обележани со сина и светло црвена боја за да се издвојуваат од остатокот на ентериерот во претежно бела боја.

Фото: Мерцедес-Бенц

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Успешна битка за живот: Со внесување на една овошка го победила ракот на тироидата!

Скоро секојдневно во јавност се појавуваат убави приказни за луѓе кои ги одбиле советите на …