(ФОТО) Бившиот дечко ја полил со киселина на денот кога брат и се убил: Денес изгледа фантастично!

На затворањето на филмскиот фестивал во Венеција сите погледи биле свртени кон Гесика Нотаро – поранешна манекенка и телевизиска sвезда, која го привлече вниманието во една необична златна креација. Можеби ќе ве изненади фактот што носи маска за око, но зад тоа стои тешка и не толку убава приказна што оваа дама на крајот ја претвори во лична победа.

Оваа Италијанка некогаш беше успешна манекенка и една од финалистите на изборот за Мис на Италија, а работеше и како тренер за фоки и делфини во голем аквариум во родниот Римини, а исто така танцуваше и пееше. Беше убава, млада, успешна и заљубена – три години беше во среќна врска со Хорхе Едсон Таварес и сè изгледало скоро идилично.
Сè се сменило на 10. јануари 2017 година, кога била нападната пред нејзиниот дом во Римини од Таварес, тогаш, нејзиното поранешно момче. Тој и фрлил киселина во лицето, трајно и го изобличил лицето со лузни и и’ го нарушил видот на левото око.
„Сигурно се криеше меѓу другите автомобили, бидејќи тој се појави веднаш штом излегов од автомобилот. Ја чувствував пластиката од шишето на моето лице, а тој сепак ја крена раката за да се осигура дека целата киселина од шишето ќе се истури врз мене. Лицето почна да ми гори и наскоро го изгубив видот. Таа ноќ во болницата се молев да ми ја земат убавината и што било што требаше да се однесе, само за да ги спасат моите очи, бидејќи тие се огледало на душата“, рекла 30-годишната девојка по ексцесот.

Џесика и Едсон се запознале во аквариумот каде и двајцата работеле, а на почетокот љубовта цветала. Сепак, со текот на времето, се покажало дека тој е многу насилен човек, а манекенката не успеа да го напуштила. Тој ја прогонувал, па дури и полицискиот извештај не и помогнал да излезе од неговите канџи. Едсон не случајно го одбра 10. јануари за кобниот напад – шест години порано, токму на тој датум, се обесил помладиот брат на Гесика.

„Таварес беше најголемата љубов во мојот живот, и покрај предавствата и проблемите во врската поради неговите ставови. Но, не можев да го напуштам долго време. Кога почнав појасно да ги гледам работите, собрав сили и решив да го оставам. Ми рече: ‘ќе ми платиш, ќе ти го уништам животот без да те допрам со прст’“, раскажала Италијанката на судењето.

View this post on Instagram

E’ andato tutto bene. Grazie per tutto l’affetto che come sempre mi dimostrate. Questo piccolo intervento consisteva nel separare le palpebre cucite 2 anni fa per poter aprire l’occhio e controllare che la mucosa cucita sulla cornea stesse svolgendo al meglio la sua funzione. Dolore ? Un pochino si. Le palpebre si sono unite tra loro e quindi mi hanno dovuto effettuare un taglio vero e proprio. Diciamo che erano meglio un cappuccino e una brioche🤣🤣🤣🤣Per fortuna i miei dottori del Bufalini sono bravissimi ed hanno gestito la situazione nel migliore dei modi. Ad oggi dicono che l’occhio strutturalmente sta bene( almeno così sembra per ora) e per poterlo recuperare a livello funzionale e quindi visivo dovrò aspettare ancora un po’ di tempo e pregare che il prossimo trapianto di cornea vada bene. Detto ciò’, finito l’intervento sono tornata a casa e mi sono fatta portare un bel piatto di sushi 🍣🤣 mica male no ????😜 #gessicanotaro #nofilter

A post shared by GESSICA NOTARO (@gessicanotaroreal) on

Инаку, на почетокот, Таварес се изјаснувал за невин, и покрај тоа што во неговиот стан биле пронајдени шишиња со киселина. Тој наводно се обидел да изврши самоубиство во затворот, што неговиот адвокат никогаш не го потврдил, но тој посочил дека младиот човек има „изразена депресивна состојба и длабока слабост“. На крајот, тој добил казна од 15. години затвор.

По нападот, Гесика поминала повеќе од два месеци во болница и имала неколку операции, вклучувајќи и една што и го зачувала видот. Со текот на времето, пластичните хирурзи делумно успеале да го реконструираат нејзиното лице, а убавата бринета, благодарение на силниот карактер, успеала да продолжи.

Денес е активна како водителка, танчерка и социјален активист, но и како инфлуенсер – ја следат повеќе од 350. илјади луѓе на Инстаграм. Ниту Гесика не ја изгубила вербата во љубовта – две години е во љбов со непознат Италијанец, а често објавува и нивни заеднички фотографии.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за четврток, 26.11.2020: Претерувате во она што го очекувате од саканата личност…

Овен Љубов: Размислете како треба да ги надминете семејните недоразбирања. Вие сте задоволни со насмевката …