УС ОПЕН – ТИМ – ЗВЕРЕВ: Тим во драматичен меч и со грчеви успеа да сврти 0:2 и да го освои УС Опен

ДОМИНИК ТИМ го освои првиот Грен слем во кариерата откако во драматичното финале на УС Опен го победи Александар Зверев со 2:6, 4:6, 6:4, 6:3, 7:6.
Германецот имаше 2:0 во сетови и 2:1 со брејк во третиот сет, но не издржа. Зверев сервисот одлично го служеше до тој момент, играше многу добро, но не толку добро, колку што беше лош 27-годишниот Тием. Австриецот, за кого ова беше четврто Грен слем финале во неговата кариера, беше целосно невидлив откако играше брилијантно до финалето, но четири години помладиот Зверев му дозволи да се врати во мечот.
Кога Тим ја презеде иницијативата се бореше и со гршеви но некако после скоро 4,5 часа успеа да ја освои титулата.

“Саша, ќе започнам со тебе. Се запознавме во 2014. година кога двајцата бевме некаде околу стотото место и станавме одлични пријатели. Исто така развивме ривалство и одигравме неколку одлични натпревари. Неверојатно е каде не водеше нашето заедничко патување. Би сакал и двајцата да победевме денес затоа што ти го заслужи тоа. Не се сомневам дека наскоро ќе бидеш на мое место”, рече Тим во победничкиот говор.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Бивш ММА борец убиен во ресторан во Дагестан

Поранешниот ММА борец,Шамил Абдулмуслимов, е убиен во Дагестан, пренесува „База“, а пренесува рускиот портал „Чемпионшип“. …