(ВИДЕО) УС ОПЕН – Зверев во солзи после поразот: „Да се барем мама и тато тука, ама не се бидејќи се заразени!“

Доминик Тим го освои првиот Грен слем во својата кариера откако во драматичното финале на УС Опен го победи Александар Зверев со 2:6, 4:6, 6:4, 6:3, 7:6 (6).
Зверев имаше 2:0 во сетови, брејк во третиот и сервис за мечот во петтиот сет, но пукна под притисок. Во тај-брејкот тој успеа да спаси две меч топки, но не и третата, а 27-годишниот Тием, за кого ова беше четврто грен слем финале во неговата кариера,во грчеви ја славеше победата.

Емотивниот Звeвер, кој е четири години помлад од неговиот пријател Тием, се расплака за време на церемонијата на доделување на трофејот.
Зверев едвај зборуваше
“Не знам од каде да започнам. Му честитам на Доминик за првата од многуте грен слем титули. Беше страшна борба, но посакувам да промашуваше малку повеќе. Благодарност до мојот тим кој беше со мене во последните две тешки години. Се надевам дека ќе го освоиме овој трофеј еден ден“, рече Зверев, застана и почна да плаче.
За неколку секунди Германецот се освести и продолжи:
“Би сакал мајка ми и тато да беа тука. Тие одат на секој турнир со мене, но не можеа да дојдат на овој. За жал, тие се позитивни на коронавирус и не можеа да дојдат. Страшно ми недостасуваат”, рече низ солзи Зверев.
“Човеку, колку е тешко ова. Се надевам дека ќе ме погледнат и ќе се гордеат со мене иако изгубив. Се надевам дека еден ден ќе донесам голем трофеј дома”, рече Зверев, кој заборави да го земе утешниот пехар и го стори тоа дури кога водителката му кажа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Папагал среде натпревар слетал на глава на играчица и направил хаос

За време на фудбалски натпревар во Бразил, играчиците ги посетил неочекуван гостин. Станувало збор за …