(ВИДЕО) Среде јавување во живо, славниот актер влегол во кадарот и и’ го земал микрофонот на репортерката

Австралиската репортерка била изненадена кога холивудскиот актер Крис Хемсворт и влетал во кадарот среде читање на временската прогноза на ливадата.
Лорен Филипс известувала од една ливада во Сконе, град во австралиската држава Нов Јужен Велс. Ја читала временската прогноза кога зад неа се појавич познатиот актер кој ноншалантно и пришол и и’ го одзел микрофонот.

Нејзините колеги во студиото, Ричард Вилкинс и Ребека Мадерн, не можеле да скријат колку се шокирани од оваа ситуација.
Репортерката брзо се справила со ситуацијата и го прашала актерот дали би го презел читањето на прогнозата, што тој го сторил.
Лорен се пофалила и со видео на Инстаграм и со шеговит тон напишала: „Излези од мојата рамка, човеку“.

“Онаа кога твојот пријател би сакал да собере работно искуство, а потоа на водителите повеќе ќе им се допадне од тебе. Изненадување, Ричард и Ребека. За жал, ќе мора да ме задржите”, додала таа.
Хемсворт на гледачите им е најпознат по улогата на Тор во филмовите на Марвел, а неодамна откри дека нема намера да се откаже од таа улога толку брзо.
Досега, Тор го глумеше во осум филмови, а на прашањето дали неговиот последен филм „Love and Thunder ќе биде последен, тој категорично го демантирал тоа.
“Дали сте луди? Не сум ни близу до пензија. Тор е премногу млад за тоа. Имам само 1500 години. Немам намера да се збогувам со него. Барем се надевам дека нема да се случи по овој филм”, рекол актерот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДО КОГА СО ТОЛКУ ПОЧИНАТИ: За изминатите 24. часа во Македонија се регистрирани 404. нови случаи на Ковид 19: ЖИВОТОТ ГО ИЗГУБИЛЕ се 14. лица!

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1524 тестирања, а регистрирани …