(ВИДЕО) И’ покрај критиките најавена втора сезона на серијата „Goop Lab”: „Негативната критика е добра реклама!“

Пред да се емитува првата епизода од серијата „Goop Lab“ на Нетфликс, зад која стои Гвинет Палтроу, јавноста се разбрануваше за наводната контроверзна содржина. Сепак, најавена е втора сезона.
Втората сезона ќе има шест епизоди од половина час, фокусирани на секс, интимност и зајакнување на жените. Датумот на излегување на втората сезона сè уште не е утврден, пишува Variety.
Поради контроверзната содржина, серијалот наишол на негативни критики од луѓето.
„И покрај реакциите на некои луѓе, ние не сакаме да промениме ништо за да ги задоволиме сите. Ние го сакаме она што го правиме и не е важно што некои луѓе се обидуваат да привлечат внимание лошо пишувајќи за нас“, рекла Гвинет.
Во моментов, овој проект се проценува на околу 250. милиони долари.
„Мислам дека е одлично што сме бренд што ги прави луѓето да се чувствуваат возбудени, на еден или на друг начин. А негативната критика е добра реклама“, заклучила таа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Успешна битка за живот: Со внесување на една овошка го победила ракот на тироидата!

Скоро секојдневно во јавност се појавуваат убави приказни за луѓе кои ги одбиле советите на …