(ВИДЕО+ФОТО) Болен крај на Патрик Свејзи, ѕвездата на „Валкан танц“: Умрел во најлоши маки!

Патрик Свејзи, главниот актер на еден од најпознатите американски романтични филмови од минатиот век, „Валканиот танц“, почина на денешен ден во 2009. година на 58-годишна возраст, по двегодишна борба со рак на панкреасот.
Џенифер Греј и Патрик Свејзи се ѕвездите на култниот филм од осумдесеттите години, кој освои Оскар и Златен глобус за најдобра музика во 1989. година, а беше номиниран за Греми и Златен глобус во 1988. година. Првично нискобуџетен филм, тој се претвори во блокбастер, ги освои киносалите и стана голем хит, првиот кој се продаде во повеќе од милион примероци. Музиката и танцот што ги изведоа Џенифер Греј и Патрик Свејзи и денес се популарни и запишуваат милиони прегледи на ЈуТјуб.


За жал, последните денови од животот на Свејзи биле вистински ужас. Не само поради сериозна болест, туку и поради наводно семејното насилство кое го доживувал, откриле неговите пријатели седум години по смртта на актерот. Наводно бил насилно затворен во куќата, а неговата сопруга, Лиса Ниеми, која била насилна кон него и го изневерувала, го оставила да умре во најтешките маки, тврдат странските медиуми.

Овие шокантни обвинувања ги изнел еден од најблиските пријатели на ѕвездата на филмот „Валкан танц“, а најмногу се однесуваат на 34-годишниот брак кој, барем за јавноста, беше идиличен.
Наводно, неговата сопруга Лиса Ниеми, која дозволила актерот да падне на само 40. килограми, не му дозволувала да излегува, па дури и’ им забранила на мајка му и пријателите да го посетуваат.
Пријателите за медиумите откриле мрачна тајна. Лиза имала неколку вонбрачни врски.

„Тој ја сакаше со целото свое срце, но тоа навистина беше врска на работ на љубовта и омразата. Таа ќе го тепаше, а тој ќе шутираше по sидовите и мебелот. Тие многу се расправаа, знаеја како да уништат хотелски соби, автомобили, нивниот дом … Тоа беше многу насилна врска“, рекол пријател кој ја обвинил вдовицата на Патрик за занемарување на сопругот.

Кога можел, за Патрик се грижел и неговиот брат Дон, но кога тој не бил таму, сè останувало на Лиза.
„Лиза не беше таму со часови, а потоа Дон доаѓаше и го наоѓаше својот брат како лежи во сопствената урина затоа што не можеше сам да стане“, додал пријател што Лиза ја нарече „жена желна за контрола, која требаше да контролира секој сегмент од животот на Патрик“.

View this post on Instagram

Forever.

A post shared by Patrick Swayze (@patrickswayzeofficial) on

Пријателка на Патрик од детството рекла дека таа го охрабрувала актерот да ја напушти својата сопруга, со која се оженил во 1975. година, поради силните скандали за кои знаеле неговото семејство и блиските пријатели.
Вдовицата по неговата смрт ги продала сите негови работи. Патрик Свејзи напишал тестамент во кој го оставил целото свое богатство од 40. милиони долари на Лиза, додека неговото семејство не добило ништо.


И тоа не е единствената тажна приказна врзана за Свејзи. Тој паднал во криза во 1994. година, кога сестра му се самоубила. Не можејќи да се справи со сè што се случило, тој се препуштил на алкохолот. Истата година, тој заминал на рехабилитација, по прв пат, за да може да продолжи да глуми.
Инаку, во почетокот на деведесеттите години беше објавен американскиот филм „Дух“, во кој Свејзи го сподели екранот со Вупи Голдберг и Деми Мур. Свејзи тогаш стана планетарно популарен актер, па продолжи со серија успешни филмови, од кои најпознати се „Point Break” и „Father Hood”.

View this post on Instagram

Passionate.

A post shared by Patrick Swayze (@patrickswayzeofficial) on

Доброто познавање на танцот на Свејзи му помогнало да добие улоги, а главноу ликовите што ги играше имаа врска со танцот. Иако на почетокот на својата кариера главно глумеше во романтични филмови, подоцна започна да добива улоги во нешто побарувачки трилери. Последен пат американската публика го виде во драмската серија „BЅвер“.

Неговата убава партнерка од „Валканиот танц“, Џенифер Греј, денес е непрепознатлива.


Никогаш не била типична холивудска убавица, па поради својот природен изглед станала многу популарна. Но, на самиот врв на нејзината кариера, таа се одлучи за пластична операција на носот, што прерасна во нејзина опсесија, па ги повтори неколку пати.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Во Македонија денеска се регистрирани 934. нови случаи на Ковид 19: Починати се 5. лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2748 тестирања, а регистрирани …