Print

Битрикс најавува година на танцот – Шестото издание на интернационалниот фестивал „Битрикс Танцова Лига’’ од 18 до 20 септември во Охрид

И покрај пандемијата и сите случувања во светот, уметноста не смее да замре.

Танцовото студио Битрикс своите активности ќе ги започне со реализацијата на шестото издание на интернационалниот танцов камп и фестивал “Битрикс танцова Лига”, кој во соработка со Министерство за култура, Делегација на ЕУ во нашата земја и EuropeHouse Скопје ќе се одвива од 18-20 септември на сцената на “Долни Сарај”, Охрид.

Во рамките на шестото издание на фестивалот ќе се реализираат 15 танцови работилници и три вечерни настани, меѓу кои: „Филмска вечер“ во рамките на која ќе се прикаже документарецот за хип-хоп културата кај нас „Сложувалка“ на Александар Ковиловски, втората вечер “AllStylesBattle” –  битка во импровизација на солисти и третата вечер ќе биде посветена на младите кореографи и групи кои ќе се претстават со свои кореографии во рамките на “Youngchoreographers&ShowcaseNight”.

“Танцот е контактна дисциплина, се раѓа и живее поради енергијата која ја креираат повеќе лица на едно место, затоа и нашиот фестивал и камп носи посебна магија. Засега е единствениот кој собира огромна бројка на танчари на едно место со цел размена на знаење, искуства и практики. Оваа година, кампот ќе го реализираме од 18-20 септември под отворено небо на сцената на Долни Сарај во Охрид, следејќи ги протоколите за работа. Секоја година носиме гости предавачи од разни земји и континенти од светот. Досега имавме гости од Англија, САД, Холандија, Германија, Швајцарија, Италија, Украина, Естонија, Грција, Бугарија, Словенија, Србија, итн. Оваа година, за жал поради пандемијата нема да бидеме во можност да ги донесеме предавачите од Франција и Данска, но, нашите пријатели од Бугарија и Словенија ќе одржат предавања на сите учесници преку голем видео бим, а ќе успееме да ги донесеме тука предавачите од Србија. Со години работиме и на соработката помеѓу локалните артисти, па така покрај кореографиите од Битрикс Културен Центар, предавања ќе одржат и кореографиите од танцовите студија: АКВА, ВАЈБ, Абстракт од Скопје, OneWay – Струмица и Соната – Охрид.

Битрикс, со својот силен тим, постојано се труди да им покаже со пример на младите дека упорноста и волјата секогаш се посилни од било кој предизвик, па затоа оваа година ќе биде посветена на создавање на танц за сите. Низ годините напорно работат на создавање услови за едукација на младите, како и креирање можности за надградување на младите во областа на танцот и перформативните уметности, а со тоа и даваат сопствен придонес во збогатувањето на културата кај нас.

Веднаш по кампот, во план е реализација на уште неколку активности кои имаат за цел да го вратат танцот во видикот на обичниот гледач и да зборуваат гласно за потребата тој да живее на сцената.

Предвидени се уште многу проекти во соработка со КСП “Јадро”, Американската Амбасада, Францускиот институт, Општина Центар и ЕУ Инфо Центар при што целта на сите ќе биде да ги истакнат младите кои континуирано творат и работат на оваа сцена, како и да им се создадат можности за креација и афирмација.

Битрикстанцовото студио се двократни светски вицешампиони, креатори на неколку претстави, меѓу кои и “Тишина” – претставата за подигнување на свесноста за семејното насилство, афирматори и силни поддржувачи на урбаната танцова сцена со голем број на реализирани проекти, како БитриксСпешлс, Танцов Караван во соработка со УНИЦЕФ, како и единствениот танцов камп кај нас “Битрикс Танцова Лига”.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Младиот режисер Сергеј Сарчевски со совет до џифонци: Снимајте кратки приказни, секоја наредна ќе биде подобра

Основачот на фестивалот „Џифони експериенс“, Клаудио Губитози, денеска во 17 часот ќе ја раскаже својата …