(ФОТО) ПРЕДИЗВИК – Патувања во кои го РИЗИКУВААТ ЖИВОТОТ: СЛИКА на ПРОВАЛИЈА или што ПООПАСНО тоа подобро

Не можејќи да патуваат во странство, инфлуенсерите отишле чекор понатаму – до самиот раб.
Вистина е дека за овој опасен тренд не е виновна короната бидејќи парот од минатата година започнале да се сликаат во неверојатни пози кои го одземаат здивот. Оваа година, сепак, тие отишле предалеку.
Видовме фотографии на кои млади инфлуенсери се сликани на кран на сто метри над земјата. Многумина, сакајќи да направат што „подобра“ слика, загинале. Сепак, со цел да привлечат внимание, многумина се подготвени да направат сè.

Луѓето сакаат опасност
Инстаграм профилот на Кели и Коди (positravelty) има околу 200 000 следбеници.
Кели и Коди започнале први на базенот на Бали.
Овој тренд го инаугурираа Кели и Коди кои патуваат низ светот и прават неверојатни фотографии. Најчесто се фотографираат на врвовите на планините, под водопади, како нуркаат, скокаат од покривот во базенот и слично. Сепак, тие го привлекоа вниманието со легендарната слика од Бали, во која Кели виси од работ на базенот, а Коди ја држи за рака. Иако многумина ги критикуваа, тие продолжија да се сликаат на рабовите на карпите.

Дека овие слики се многу популарни најдобро покажува фактот дека овој тренд е прифатен и дека многумина го искористија ова лето за да поминуваат време во природа. Покрај промовирањето на здрав живот и исхрана, многумина се обидоа да направат и „луди“ фотографии.

Не постои закон што може да ги спречи луѓето да се фотографираат во опасни пози. Сепак, факт е дека многу од овие слики се лажни, бидејќи под свитканите нозе има земја на која можат да се потпрат оние што се сликаат. Сечењето на фотографијата дава впечаток дека тие се над карпа.
Американската блогерка Минакши Морти почина со сопругот кога падна од врвот на карпа во националниот парк Јосемит. Нејзината смрт не ги спречи инфлуенцерите да продолжат со опасен по живот тренд и да продолжат да патуваат со намера да направат опасна фотографија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Четворки пред и после породувањето: И’ раце и’ срце полно „медењаци“

Блогерката Линдзи Хеј по два спонтани абортуси останала бремена со четворки и го споделила своето …