ПРИОРИТЕТ ЗА КАТАЛОНЦИТЕ – Салах е ново име на листата на посакувани засилувања за Барселона

Sвездата на Ливерпул, Египќанецот Мохамед Салах, е ново име на списокот засилувања што тренерот на Барселона, Роналд Куман, сака да го донесе.
Ливерпул би можел да се бори да го задржи Салах на „Енфилд“, откако според британските и холандските медиуми, Египќанецот стана првиот избор на Куман кога станува збор за засилувањата на Барселона.
Холанѓанецот има намера да ја направи Барса машина што повторно ги „мели“ противниците, а тој гледа на Салах како значајна алка на патот до таа цел.
Оваа информација ја открил близок пријател на Куман кој рекол дека тренерот на Барса сака да го донесе Салах, а не Сади Мане како што претходно се шпекулираше.Салах, наводно, исто така е заинтересиран за промена на животната средина и би сакал да се пресели во Барселона.
Играчот од средниот ред на Ливерпул, Георгинио Вијналдум веќе се поврзува со Барселона, а дали каталонскиот клуб ќе може да реализира некој од трансферите, останува да се види. Со останувањето на Лионел Меси во клубот, средствата се прилично ограничени.
Салах беше клучен играч за сите успеси на Ливерпул во последните сезони, а минатата година му помогна на клубот да ја освои првата англиска титула во Англија од 1990. година.
Египќанецот ја отвори новата сезона на вистински начин и постигна хет-трик во 1. коло од Премиер лигата против Лидс.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) КАПИТЕНОТ НА ШВАЈЦАРИЈА – Џака победата против Србија му ја посветил на косовскиот херој, а потоа смислил генијален начин ФИФА да не го казни

Синоќешната средба меѓу Србија и Швајцарија изобилуваше со инциденти, а и по средбата ситуацијата не …