Диета со која Ким Кардашијан истопила 30. килограми

Една неодамнешна студија спроведена на бројни американски универзитети покажала дека кетогената диета станува сè попопуларна од онаа на Аткинсон, бидејќи може да ви помогне побрзо да изгубите тежина.

За оние кои се обидуваат да изгубат тежина, но не сакаат да спортуваат, оваа диета е идеална – а како пример послужила реалната sвезда Ким Кардашијан.
Главниот услов на оваа диета е шеќерот да биде целосно исклучен од менито, како и сите останати производи од брашно.
Оваа диета стана популарна благодарение на Ким Кардашијан која изгуби скоро 30 килограми по породувањето.

Дозволена храна:
Масло и путер (кетогени нутриционисти особено препорачуваат кокосово масло и путер), ореви, јајца, било кое месо, печурки, зелен зеленчук со голема концентрација на влакна (што го подобрува варењето на храната), домати, полномрсни млечни производи со исклучок на млекото.

Забранета храна:
Било кои производи од брашно, преработени производи од месо, зеленчук со висока концентрација на шеќер и јаглехидрати, како што се пченка и компири, свежо и суво овошје (освен бобинки),било каков алкохол и житарки што содржат шеќер.

Главните принципи на кетогената диета:
Кетогената диета не бара да јадете различна храна одделно. Можете да јадете месо со кое било од дозволените јадења, без разлика дали се работи за печурки или јајца.

Нема да мора да се откажувате од солта, која додава вкус на храната и помага да се врати рамнотежата на електролитите. Диетата не го ограничува времето на внесување храна на стандардните 18 часа. Можете да јадете во секое време, но, се разбира, во разумни количини.
Најтешко е да се откажете од јаглехидратите. Ако не можете да си го замислите животот без компири, тестенини или овошје, оваа диета нема да ви одговара.
ВАЖНА ЗАБЕЛЕШКА: Не се препорачува да се користи диета без претходно да се консултирате со лекар.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Како изгледа тело на жена која 14. години јаде сурова храна

Веганската исхрана секогаш предизвикува големи полемики во јавноста. Сега се крена голема бура откако една …