(ВИДЕО) СКАНДАЛ НА ФИЛИПИНИТЕ: Службеник на владата случајно се вклучил на онлајн состанок: Сите виделе како има секс со секретарката

Еден владин службеник добил отказ откако бил фатен како има секс со неговата секретарка. Тие случајно се вклучиле на состанокот преку Zoom и сите ги виделе „на дело“.
Членовите на селскиот совет на Фатима Дос во филипинското Кавите, имале редовен состанок преку апликацијата Zoom кога им се придружил нивниот шеф Хесус Естил.
Очигледно дека не е толку вешт во технологијата, тој ја оставил камерата вклучена на неговиот компјутер. Другите го продолжиле состанокот, а потоа го виделе како станува и оди кон жената што седела на софата недалеку од компјутерот.
Потоа, парот започнал да има секс пред зачудените колеги. Подоцна се дознало дека жената всушност била секретарка на Естил, која работи во сметководството на државната канцеларија.

Еден од колегите успеал да ја сними експлицитната сцена и како резултат на тоа, Естил ќе биде отпуштен што е можно побрзо.
„Ова не е мал, туку огромен прекршок и бидете сигурни дека ќе ги казниме иако и двајцата вклучени во скандалот бараа прошка“, рекол Ричард Геронимо, од Стејт департментот за внатрешни работи и локалната самоуправа.
‘Веселиот’ пар не се појавил на работа од објавувањето на видеото.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Во најубавиот европски воз, сите ги исклучуваат телефоните

Возењето со најлуксузниот воз во Европа трае осум часа, почетна точка е Цермат, последна Св. …