(ФОТО) Турскиот актер ја шокирал јавноста: Љубовницата ја носел на дружење со сопругата

Турскиот актер Исмаил Хачиоглу, кој отелотворуваше нималку симпатичен лик во серијата „Дете“, беше главната тема на турските медиуми во последните неколку недели. Имено, бурата во медиумите настана откако неговата сопруга Дујгу Кумарк, со која има ќерка, одлучила да ги достави документите за развод.
Според турските медиуми, 34-годишниот Исмаил и неговата сопруга навистина се разделиле, а потоа тој заминал на одмор, каде што бил виден со својата партнерка од серијата „Дете“, 28-годишната Мерве Чагран, со која веќе неколку месеци тајно се состанувал.

– Вистина е дека Исмаил и Мерве заминаа на одмор заедно во мало гратче во југозападна Турција. Двајцата се во љубовна врска веќе некое време, но не сакаат да зборуваат за тоа, бидејќи Исмаил беше оженет до пред неколку дена. Нивната врска започнала по завршувањето на снимањето, а Мерве била чест гостин во куќата на Исмаил и станала пријателка со неговата сопруга“, рекол извор близок до актерите, кој исто така наведува дека, сега веќе поранешната сопруга на Исмаил, Дујгу дознала неодамна за аферата.
Но, турските медиуми сега пишуваат дека Исмаил, само месец и половина по разводот, веќе ја запросил новата девојка и дека таа се согласила да го помине животот со него.

View this post on Instagram

Bütün iç çekişlerimde nasıl durdun da bakıyorsun bana🖤

A post shared by İsmail Hacıoğlu (@ismailhaciogluofficial) on

„Хемијата меѓу нив двајца беше толку видлива на сетот, па едвај ги чекаа сцените за бакнување, толку многу се уживуваа што понекогаш беше непријатно да се гледаат. Неколку пати отидоа предалеку во соблекувалните. Тие воопшто не обрнуваа внимание на другите“, вели извор кој не сакал да го открие својот идентитет, но бил дел од сетот на серијата „Дете“.
Иако сеуште не е потврдена веста за свршувачката на Исмаил и Мерве, а тие избегнуваат заеднички јавни настапи, познато е дека тие живеат заедно веќе некое време, а наводно Мерве сака дете со нов партнер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Хит серијата „Вовед во анатомија“ добива 17. сезона!

Објавен е тизер за новата сезона од серијата „Вовед во анатомија“. Веќе на 12. ноември, …