(ФОТО) Синот на НБА легендата продолжува да изненадува со својот стил на облекување

Еј Џеј, син на легендата на НБА, Меџик Џонсон, носи алишта што повеќето би ги карактеризирале како „женски“. Сепак, заради полова неутралност, тој е слободен да прави што сака, а во тоа го поддржува и неговиот татко.
Еј Џеј Џонсон со само 17. години „излезе од плакарот“ и призна дека е хомосексуалец. Иако Меџик Џонсон тогаш не го поддржуваше, најдобриот кошаркар на сите времиња сега јавно кажува дека го сака својот син, и дека неговиот животен стил не го вознемирува ниту најмалку.
Тој се облекува, многумина би рекле, шокантно – и тоа го започнал пред неколку години, подрастично од кога било досега. Легендарниот кошаркар вели дека е среќен затоа што неговиот син не глуми нешто што не е.


Кратки мини здолништа, потпетици или чизми се дел од неговиот секојдневен моден израз. За себе вели дека не е родово неутрален, туку дека е хомосексуалец. Тој исто така рече дека никогаш нема да го смени полот, бидејќи се чувствува задоволен во своето тело. Тој е исто така познат како ѕвезда на реалното шоу „Богатите деца од Беверли Хилс“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Андреа се надева дека ќе ја претставува нашата земја на Евровизија со Circles

Circles се вика песната на Андреа која влезе во најтесниот круг од 6. песни за …