Најинтригантната холивудска двојка, 58-годишниот актер Џорџ Клуни и 41-годишната адвокатка за човекови права Амал Клуни, ја чува својата приватност и семеен живот далеку од очите на јавноста и затоа често е мета на странски медиуми кои презентираат нови информации за наводни брачни проблеми и можен развод.
Извор близок до адвокатката открил дека г-ѓа Клуни е незадоволна од брачниот живот, поради што сè повеќе бара утеха во алкохолот, а од неодамна и кај други мажи. Имено, Амал неодамна се сретнала со 55-годишниот холивудски миленик Киану Ривс поради сплет на околности, а на пријателите им открила дека е воодушевена од овој актер.
„Тој ја освои не само со изгледот на заводник кој не се грижи за конвенциите, туку и поради неговата хуманост и социјална свест. Тие разговарале долго време, а Амал се вратила дома полна со впечатоци од тој состанок. Всушност, таа беше во облаците и постојано повторуваше дека се надева дека му оставила добар впечаток на Ривс“, изјавил за американските медиуми добро информиран извор.
„Таа рече дека сигурно ќе му се јавеше ако е самохрана жена. Многу и се допаднал. Таа дури рече дека се надева дека ќе се сретне за време во следниот живот, а не сега кога е предоцна“, заклучил изворот.