Започнува новата сезона во англиската Премиер лига

Денес четири натпревари
Денес започнува новата сезона во англиската Премиер лига.
Титулата ја брани Ливерпул, кој во првото коло е домаќин на новиот Премиерлигаш, Лиц, во првото коло на „Енфилд“ од 18:30 часот.
Арсенал на првиот натпревар ќе игра против Фулам во 13:30 часот, додека Кристал Палас и Саутемптон играат од 16:00 часот.
Последниот натпревар на денешната програма од 21:00 часот го играат Вест Хем и Њукасл.
Освен Ливерпул и Манчестер Сити, најсериозен кандидат за титулата ќе биде Челзи, кој најдобро тргуваше летово, трошејќи над 220. милиони евра за трансфери.


Тој во тимот од Стемфорд Бриџ ги донесе, Каи Хаверц од Баер Леверкузен (80. милиони), Тим Вернер од Лајпциг (53. милиони), Бен Чилвел од Лестер (50,2 милиони), Хаким Зиес од Ајакс (40. милиони), и Маланга Сар од Ница и Тиага Силва од ПСЖ како слободни играчи.
Ливерпул досега не донесе звучни засилувања, додека Сити ги ангажираше Натан Аке од Бормут (45,3 милиони) и Феран Торес од Валенсија (23. милиони).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Хамилтон во Сочи до 100 -та победа, Норис се коцкаше со дождот

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон славеше во трката за Големата награда на Русија. Британецот во …