(ВИДЕО) Прв трејлер на новата „Дина“: Визијата на Линч оди во историјата

Објавен е првиот трејлер од новата филмска адаптација на познатиот СФ роман „Дина“ на Френк Хербет од 1965. година. Режисер е Дени Вилнев, а странските медиуми предвидуваат дека новата верзија ќе ја испрати претходната на Дејвид Линч од 1984. година на „буништето на историјата“.
Првиот трејлер за новиот филм на Ворнер Брос покажува дека Дени Вилнев, познат по „Arrival“ и „Blade Runner 2049“, се одлучил за потемно читање на познатата „Дина“.
„Понекогаш е потребен нов технолошки импулс за познатите книжевни дела од научната фантастика да оживеат во полн сјај“, пишува „Гардијан“.
Трилогијата „Господарот на прстените“ на Питер Џексон, добитник на Оскар, е огромно подобрување во однос на верзијата на Ралф Бакши од 1978. година, давајќи впечаток дека „Дина“ на Френк Херберт е предодредена да следи сличен пат, според трејлерот за новата адаптација на славната вселенска фантазија.

Дејвид Линч филмот „Дина“ го сними во 1984. година според истоимениот роман, но тоа достигнување не помина добро кај критичарите. Самиот Линч се одрекол од него, објаснувајќи дека не можел да се справи со продуцентите и дека нема целосна контрола врз финалната верзија на филмот.
Темниот пристап на Дени Вилнев кон познатата приказна, како што забележува „Гардијан“, се чини дека го испраќа неуспешниот филм на Линч до буништето на историјата.
Се чини дека авторот на „Arrival“ и „Blade Runner 2049“ снимил екран-адаптација на ремек-делото на Херберт, што ќе предизвика стравопочит дури и кај најжестоките обожаватели на книгата, според лондонскиот весник.

Тимоти  Шаламет како Пол, потомок на Куќата на Атреидс, изгледа како харизматичен, секси клавијатурист од полузапаметена романтична група од 80-тите, додека Шарлот Ремплинг како почитувана мајка на Гаиус Хелен Мохиам од сестринството Бене Језерит изгледа привлечно откачено како вештерка чие лице, покриено со качулка, е уште повпечатливо отколку во претходната верзија.
Во филмот играат уште Џејсон Мамоа, Џош Бролин, Оскар Исак, Стелан Скарсгард, Хавиер Бардем, Дејв Баутиста, Ребека Фергусон.
„Дина“ изгледа повеќе како луд, фантазмагоричен свет на романот, отколку како чудна епизода на „Доктор Ху“ од Том Бејкер“, заклучува Гардијан.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Љубовна приказна каква нема ниту на филм: Шон Конери 45. години сакаше една жена

Во свет каде што односите и браковите се’ потешко се преживуваат, парот кој остана заедно …