(Рецепт) Рен, мед и лимон за топење килограми

Здрава и помалку зачинета, зготвена мешавина од рен, мед и лимон го забрзува метаболизмот, што доведува до ослободување на маснотии и вишок вода од телото.
Ако ја користите оваа мешавина во комбинација со умерена и здрава исхрана, тоа ќе помогне да се „стопат“ вишокот сантиметри во критичните области.
Поради својот состав (витамин Ц, калиум, витамин Б1, витамин Б6, железо, калциум, витамин Б2, магнезиум, фосфор …), ренот е познат по своите гурмански и лековити состојки. Ренот е додаток на разни специјалитети, особено масната храна, бидејќи го забрзува процесот на варење на храната во организмот. Ренот го чисти телото, го забрзува метаболизмот, го намалува заморот и затоа најмногу се препорачува за дијабетичари. Го стимулира растот и развојот на корисни бактерии во цревната флора.

Свеж корен може да се користи во текот на целата година, закопан во влажен песок во подрумот. Доколку имате поголем корен, можете да изрендате помали количини, а остатокот завиткајте го во алуминиумска фолија и чувајте го во фрижидер во затворена кутија.
Во добро затворена тегла во фрижидер, ренот може да трае и до 3. недели. Ако сакате ренот да остане свеж и по три недели, измешајте го ренданиот рен со лажица шеќер и 4 лажици сок од лимон или оцет.
Состојки:
– 125 гр рен
– 3 лимони
– 3 лажици мед


Подготовка:
Измешајте во блендер или ситно исецкајте 125 гр рен со рака. Измијте го лимонот и извадете ги семето, а потоа заедно со кората и ренот измиксирајте во блендер. Во смесата додадете три лажици мед и добро промешајте. Чувајте ја смесата во фрижидер во затворена тегла.

Земајте една лажица двапати на ден со оброк. Се разбира, треба да ја прилагодите вашата исхрана – јадете лесна храна и мали и чести оброци. Оваа мешавина може да помогне во борбата за слабеење, но не може да направи чуда ако не се обидете. Земајте ја смесата редовно три недели по ред, бидете активни, јадете здраво и гледајте како се топи вашиот волумен!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Во нејзините 70-ти, таа добила тело што го немала ниту во нејзините 20-ти: Сето тоа благодарение на овие едноставни правила!

Таа е најстарата инструкторка по фитнес, има 73. години и на нејзиното тело и завидуваат …