(ФОТО) Драмата на Бред и Ангелина околу старателството достигнала врв

Иако се разделија во 2016. година, односот помеѓу Бред Пит и Ангелина Џоли е сè уште многу напнат. Ситуацијата, пишува „Daily Mail“, неодамна се влоши до тој степен што поранешните сопружници нагло ја прекинаа семејната терапија пред судењето за старателството на нивните шест деца, што е закажано за следниот месец.
„UsWeekly“ тврди дека Пит и Џоли повторно жестоко се расправаат околу распределбата на времето што секој треба да го помине со децата. На најстариот син, 19-годишниот Медокс, му е дозволено да избере со кого сака да биде во контакт, а тој, се шпекулира, веќе некое време не сака да го чуе или види татко му.


Бред сака половина физичко и законско старателство над децата, но Ангелина не сакаше да ги прифати неговите услови. Актерката одбива да разговара за договорот за старателство се додека Лос Ангелес се спомнеува како домашна база за децата. Имено, помладите деца одат на училиште таму, на што Ангелина секогаш се спротивставувала. Покрај тоа, таа наводно сака да се пресели во Англија со своите деца.


Двојката се венча во 2014. година на имотот Миравал во Прованса. Бред неодамна беше таму со неговата нова девојка, германската манекенка Никол Потуралски, поради што Ангелина наводно полудела од бес. Имотот, вклучително и замокот и лозјето, го купија Пит и Џоли во 2011. година за 60. милиони долари.


„Тој знаеше што прави – точно околу годишнината од бракот со неговата поранешна сопруга, тој ја однесе својата нова девојка во ‘Миравал’. Едноставно, не му е гајле дали Ангелина дивее, но треба да се очекува дека ќе го стори тоа“, изјавил извор близок до славниот актер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Социјалното претприемништво како алатка за инклузија- одбележан светскиот ден на лица со попреченост

Вчера, на 4ти декември, во социјалното претпријатие „Кантрисајдретрит“, во с. Опила, Ранковце, се одбележа светскиот …