(ВИДЕО) Уништил 13. автомобили, оставен преполовен болид во пламен и избегал…

Изнајмениот автомобил Ауди е тотално уништен.
Според „Ле Паризиен“, скапиот „Ауди Р8 Спајдер“ бил изнајмен заедно со Порше 911 со цел на увеличуање на венчавката и свадбената поворка. Паднала ноќта, а потоа започнало дивеењето. Неименуван возач на Ауди ја изгубил контролата додека возел со очигледно неприлагодена брзина во западните предградија на Париз. Удрил во 13. автомобили, со што Аудито се преполовило.

Во несреќата нема повредени, но штетата е огромна. Покрај уништените автомобили, со пожар било уништено и она што останало од преполовеното ауди. Додека пристигнала полицијата, на возачот му се изгубила трага. Се претпоставува дека возело лице кое може да се види на една од снимките објавени на социјалните мрежи. Тој се појавува во едно видео гол до половина со откриено лице, а меѓу другото вели „го преполовивме, но добро сме“.
Очевидци тврдат дека слушнале бучава од моторот, а турнејата и дивеењето по улицата претходеле на несреќата. Тие исто така тврдат дека зад воланот се менувале различни луѓе, па затоа ќе биде тешко да се утврди кој возел за време на несреќата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Погледнете го малото Пежо во страшна несреќа на автопат

Многумина се согласиле дека станува збор за проколнат свиок на автопатот. Спорното парче автопат се …