Во исхраната го користеле и древните Ацтеки и Маи.
Иако многумина нивното конзумирање го сметаат за модерно, семето на растението шпанска жалфија (лат. Salvia hispanica), попознато како чиа семе, ја формирало основата на исхраната на античките народи Маите и Ацтеките. Петстотини години подоцна, тие ја должат својата сеприсутност на светскиот пазар на основани научни докази кои недвосмислено ги потврдуваат нивните бројни здравствени придобивки.
Чиа семето е извор на диетални влакна
Како резултат на благотворното влијание врз здравјето на организмот, диеталните влакна се важна компонента во исхраната на секоја индивидуа. Некои од ефектите на користење на диетални влакна вклучуваат намалување на холестеролот, модификација на гликемискиот и инсулинскиот одговор на организмот и подобрување на цревната функција.
Потрошувачката на диетални влакна за време на оброците е поврзана со зголемување на чувството на ситост, а храната со голема содржина на оваа подгрупа јаглехидрати често се препорачува за луѓе со неурамнотежена исхрана или прекумерна тежина.
Една од таквите намирници е секако семето чиа, имајќи предвид дека една лажица обезбедува третина од дневните препораки за внесување на диетални влакна за здрава возрасна популација.