На првата фестивалска вечер на 14 септември во Куршумли-ан ќе биде промовирана и новата книга на авторот Бранислав Николов (Пијан Славеј) – „Срчки“
Скопје, 9 септември: Врвни автори од регионот, како и наши автори ќе бидат гости на 8.Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, што ќе се одржи од 14 до 17 септември на повеќе локации во Скопје.
Писателот Мухарем Баздуљ, еден од најчитаните во регионот, ќе настапи на првата вечер. Баздуљ е писател, новинар и преведувач. Неговите 20-ина книги се преведени на повеќе странски јазици, а ги има добиено голем дел од значајните новинарски награди во БиХ и во Србија. Две негови книги се преведени на македонски јазик – „Ѓаурот и Зухејда“ („Готен“)и „Кукла од марципан“ во издание на „Везилка“.
Освен Баздуљ, во Скопје ги очекуваме и: УгљешаШајтинац (Србија) – добитник на Европската награда за литература, Маја Солар, авторка која се бави со феминистички и филозифски теми, и младата книжевна ѕвезда во регионот, Магдалена Блажевиќ (БиХ).
Македонската книжевна сцена ќе ја претстават две писателки – Калина Малеска и Елизабета Баковска.
Поради ковид-пандемијата,некои од авторите што ги поканивме во Скопје, сепак, ќе учествуваат од далечина. Анте Томиќ и Миљенко Јерговиќ подготвија полачасовно видео кое ќе биде уживање за сите книгољубци, додека Дамир Каракаш подготви луцидно и креативно излагање за неговите книги и светот во којшто моментално живееме.
Како што веќе беше најавено, годинашенлауреат на наградата за авторски придонес во балканската книжевност еголемиот Исмаил Кадаре,којшто ја приминаградата„Прозарт“пролетта во Франција.
Фестивалот и годинава ќе се одвива четири вечери, овојпат на три локации – Куршумли ан, Europe House и Кинотеката. Отворањето ќе биде на 14 септемри во 19.30 часот со претставување на делата на Баздуљ, Шајтинац и на Малеска, а ќе следи и видеомонолог на Каракаш. Првата вечер ќе биде промовирана и Срчки“, новата книга на Бранислав Николов („Пијан славеј“). На промоцијата ќе настапат авторот и басистот Гоце Јованоски.
На вториот ден, во Europe House ќе биде организирана тркалезна маса на тема „Литература и криза: почетнаточказановипротивотрови“. Ќеучествуваатгоститеписатели и членовитена „Скопје fellowship“ програмата. Ќе следува средба на членовите на оваа програма со претставницинаМакедонскаасоцијацијанаиздавачи.
Вечерта ќе бидат претставени писателките Блажевиќ, Баковска и Солар и нивните дела, а музичарите Гоце Јованоски и Андреа Мирческа ќе изведат експерименталназвучнаимпресијаодфилмот „УставнаРепубликаХрватска“ посценарионаАнтеТомиќ.Ќе следи видеоразговормеѓуЈерговиќ и Томиќ, изработенспецијалнозафестивалот.
На третата вечер која традиционално е посветена на лауреатот, ќе биде прочитан неговиот говор, а секој автор ќе прочита извадоци од своите дела.
Во рамките на дополнителната програма на фестивалот, на 17 септември во летното кино на Кинотеката, ќе биде прикажан филмот „Меденаземја“ ворежијанаТамараКотевска и ЉубомирСтефанов. Преку видеоприлог, МиљенкоЈерговиќќезборувазафилмотпопроекцијата.
За делата на гостите ќе зборуваат: Александар Прокопиев (уметнички директор), Ермис Лафазановски (претседател на Одборот за доделување на наградата „Прозарт“) и Владимир Јанковски.
Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“е во организација на издавачката куќа „Прозарт“ а поддржан е од: Министерството за култура,ТРАДУКИ, Институтот „Јунус Емре“ од Скопје, Делегацијата на ЕУ, Град Скопје, амбасадата на Босна и Херцеговина и Кинотеката.