ТДМ со претставата „Касета“ на фестивалот „Ристо Шишков“

На 10. септември 2020 Тератарот за деца и младинци ќе гостува на 28. Меѓународен фестивал на камерен театар “Ристо Шишков” во Струмица со претставата КАСЕТА работена според истоимената драма на Денис Магнусон, во режија на Бесфорт Идризи.


Претставата говори за тинејџерката Тува, која не може да најде заеднички јазик со својот татко, за кој има мислење дека е многу здодевен и ништо не разбира. КАСЕТА има повеќе важни аспекти за младата публика. Од една страна открива цел еден музички свет, но истовремено од друга страна, се фокусира на семејните односи. Ова е една од неколкуте младински претстави на овој театар.


Во претставата играат: Мики Анчевски, Наташа Петровиќ, Симона Спировска, Винета Дамческа Мојаноска, Мартин Јорданоски и Ненад Митевски.
Сценографијата е на Енес Деари, костимографијата е на Роза Трајческа Ристовска, а музиката е на Игор Василев – Новоградска.


Претставата е закажана со почеток во 20 часот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Оркестарот на Филхармонија в четврток со Концертот за хармоника и оркестар „Аконкагва” од Астор Пјацола

Оркестарот на Филхармонија в четврток, во 20 часот ќе одржи концерт на кој ќе биде …