(ФОТО) ЛЕГЕНДА – „Ако платам за лек, немаме за храна“: Поради оваа РЕЧЕНИЦА си заминал од ДРЖАВНА БОЛНИЦА, а прегледот го наплатувал 30. денари

Египет жали за Мохамед Машали, лекар кој избрал да ги лекува оние кои немаат да платат наместо да Тој 50. години, 12. часови дневно го следел неговиот пат, откажувајќи се од многу работи. Голем успех е да се стане лекар во Египет, а работата е повеќе од профитабилна. После дипломирањето на Медицинскиот факултет во Каиро во 1967. година, Машали извесно време работел во државна клиника, но наскоро сфатил дека сака да ги лекува оние кои немаат пари да плаќаат за прегледи и тестови, а често дури и лекови.


„Едно момче со дијабетес дојде кај мене плачејќи од болка и ја замоли мајка му да плати за инјектирање на инсулин, а таа ми одговори дека ако купи инсулин, нема да има пари за храна за другите деца. Многу добро се сеќавам дека во тој момент бев подготвен да жртвувам сè за ова дете“, се присетува лекарот.
Тоа било пресвртница и Машали отворил канцеларија во сиромашен дел од градот Танте. Станува збор за индустриски центар, кој не е интересен за туристите, а ниту населението не е богато. Лекарот немал мобилен телефон или автомобил и отишол пешки во својата канцеларија, и покрај одминатата возраст.

Пред ординацијата секогаш имало ред …
Новинарите кои пишуваа за него велат дека секогаш имало ред од неколку десетици пациенти пред зградата, од кои повеќето доаѓале со симптоми на треска или инфекција пренесена од паразити.
„Откако завршив универзитет, дознав дека татко ми ги дал сите пари наменети за неговото лекување за моите студии. Тогаш му ветив на Алах дека нема да земам ниту денар од сиромашните. Прво биди маж, па дури потоа – доктор“, говорел Машали.
Честопати бил критикуван за грозната облека, но не обрнувал внимание на тоа, неговите пациенти за него биле поважни.

Бизнисмен со нафта му подарил автомобил и 20 000 американски долари, но …
Патем, пред неколку години, една од ТВ-програмите во Обединетите Арапски Емирати објави сторија за добриот доктор и организирале собирање средства за поддршка. Потоа, косопственикот на една нафтена компанија му дал на Машали 20.000 американски долари и автомобил.
Кога филантропот дошол во Египет една година подоцна, дознал дека парите им биле распределени на пациентите, а автомобилот бил продаден, а од тоа е набавена опрема за (бесплатни) лабораториски анализи.

Инаку, Мохамед Машали одбил милиони долари кои биле собрани благодарение на ТВ-емисијата, објаснувајќи: “Јас советувам парите да им бидат дадени на оние на кои навистина им се потребни, а мене не ми требаат. Дајте им ги на бездомниците, сираците или вратете им ги на добродетелите”. Тој се согласил само на нов стетоскоп.
Д-р Машали починал на 28. јули, на 76-годишна возраст. Пред неколку дена, во Каиро се појавил мурал со саканиот „доктор за сиромашните“.


Преглед за 30 денари
Прегледот чинел 10 египетски фунти – нешто повеќе од 30 денари, а тоа не го плаќале сите, бидејќи, изклучок биле оние кои немале ниту толку пари, или биле сериозно болни. Честопати добриот лекар дури им давал и пари за лекови.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) НИШТО НЕ РЕШИЛ: Принцот Хари се вратил во Калифорнија и тоа еден ден пред 95. роденден на кралицата!

Иако се шпекулираше дека Хари ќе го продолжи престојот во татковината и ќе го прослави …