(ФОТО) Кејти Холмс ја потврдила врската со осум години помладиот готвач

Кејти Холмс, која има неуспешен брак со актерот Том Круз, но и долгогодишна тајна врска со Џејми Фокс, има нова љубов.

Судејќи според најновите папарацо фотографии, снимени во ресторанот „Peasant“ на Менхетен во неделата вечерта, 41-годишната холивудска актерка има причина да биде повторно среќна. Она што досега се шпекулираше сега е потврдено, насмевката на лицето и ја врати 33-годишниот готвач Емилио Витоло Јуниор, кому му седнала во скутот на ресторанот пред да разменат неколку страствени бакнежи.
Патем, Емилио е наследник на угледно италијанско семејство и неговиот татко Емилио Витоло Постариот, сопственик на ресторанот „Емилио Балато“ од раните 90-ти, кој е омилено место на славните.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) КАКО ВИНО: Супермодели кои надминале 50. години а и понатаму изгледаат беспрекорно!

Овие убавици се во поставата на супермодели од деведесеттите години. Со години ги освојуваа светските …