На судијката, поради Ѓоковиќ, и се закануваат со смрт: „Наскоро ќе се придружиш на починатиот син!“

ЛОРА КЛАРК стана најпозната линиска судијка во историјата на тенисот откако Новак Ѓоковиќ ненамерно ја удри со топка и заработи дисквалификација од УС Опен. поради тој потег.
Во првиот сет против шпанскиот тенисер Пабло Каренјо Буста, со резултат 6:5 за противникот, Ѓоковиќ изнервиран од загубата на брејкот, ја заби топката преку рамото и случајно ја погоди судијката во вратот, која со болен плач, по силниот и неочекуван удар и чувствително место, падна.
Ѓоковиќ веднаш притрча кон неа, и се извини и и’ помогна, но тоа не му помогна да избегне дисквалификација.
На социјалните мрежи веднаш започнаа да и се закануваат на 56-годишна Американка од Овенсборо, Кентаки.


Мадридска Марка пишува дека Кларк го заклучила својот профил на Инстаграм посла една во низата закани откако некој и напишал дека наскоро ќе му се придружи на нејзиниот покоен син. Нејзиниот син починал пред 12. години во велосипедска несреќа.


Ѓоковиќ: Дајте и поддршка


После се и Ѓоковиќ, кој беше голем фаворит за титулата на УС Опен, ги замоли навивачите да ја поддржат судијката.
“Драги мои навивачи, ви благодарам за поддршката. Ве молиме запомнете дека судијката која беше погодена од топка исто така има потреба од ваша поддршка. Таа не направи ништо лошо. Ќе ве замолам да ја поддржувате во овој период. Отсега натаму заедно јакнеме и се издигнуваме. Европо, доаѓам“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) МУНДИЈАЛОТ КАКО ЗЛАТНА КОКОШКА – Талибанците заработиле милиони од Светското првенство, откриена е неверојатна приказна

Талибанците заработиле милиони од организацијата на Светското првенство обезбедувајќи градежна опрема за изградба на стадионите …