ИМАЛ 50. ГОДИНИ – Од последици на зараза со коронавирус починал Брус Вилијамс – пејач на бендот „The Temptations“

Брус Вилијамсон, главниот пејач на „The Temptations“ починал од последиците од инфекција со коронавирус.
Фронтменот починал на 50-годишна возраст во неговиот дом во Лас Вегас, Невада, пишува Њујорк пост.
Брус се приклучи на „The Temptations“ во 2006. година и настапувал со нив до 2015. година. Неговиот син му оддаде почит на социјалните мрежи.
„Нема зборови да изразам како се чувствувам сега, те сакам тато, ти благодарам што сакаше, ти благодарам што си тоа што си, ќе се сретнеме повторно“, рекол тој.


„The Temptations“ е американски бенд формиран во Детроит во 1960. година. Бендот се смета за еден од оние кои дале најголем успех во историјата на музиката.
Вилијамсон еднаш рекол дека неговиот менаџер Дејв Валас го запознал со Рон Тајсон од „The Temptations“, опишувајќи го како најголемиот пејач што некогаш го слушнал.
„Вилијамс првично беше против мене да се приклучам на групата затоа што сметаше дека сум премногу млад“, рекол тој.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) На повидок нов скандал!? Хари снимил емисија со Опра, Лејди Гага, Глен Клоуз…! Принцот главен двигател, била вмешана и Меган!

Принцот Хари и водителката Опра Винфри ќе снимаат емисии за менталното здравје. Новиот проект што …