(ВИДЕО+ФОТО) СИ ЈА ИСЕКЛА РАКАТА ЗА ДА ЗЕМЕ МИЛИОНИ ОД ОСИГУРУВАЊЕТО: Словенија ја потресува бизарен случај – заплет како во филм!

Една Словенка се појавила пред судот во Љубљана под обвинение дека си ја отсекла раката со цел да земе пари за осигурување.
„Никој никогаш не би сакал да стане инвалид. Ако можам, ќе го вратев времето и дури немаше да се приближам до пилата. Некои луѓе мислат дека сум осигурана на голема сума, но во странство, ваквите високи осигурувања се најнормални“, рекла словенката Јулија Адлешиќ минатата недела на рочиштето во Окружниот суд.


Од почетокот на минатата година, словенечката јавност, како и регионот, го следат овој случај во кој обвинителството и одбраната дадоа свои завршни зборови. Имено, Јулија била во притвор поради исечена шака. Без неа останала на 4. јануари 2019. година и тврди дека се работи за несреќа што се случила додека сечела гранки за огрев со кружна пила за дрва.


По неколку дена, таа побарала исплата на надоместок од осигурувањето со кое претходно склучила договор, но полицијата во Љубљана многу брзо открила дека станува збор за чиста измама. Односно, тие се сомневаат дека Јулија намерно си ја отсекла сопствената шака за да ги добие парите.
Во оваа измама наводно и помогнале нејзиното момче Себастијан Абрамов (30) и неговите родители, а против сите четворица се поднесени пријави. Обвинителството тврди дека на крајот на 2018 година детално ја испланирале измамата и ги поделиле улогите меѓу себе за тоа како да се изврши. Веќе тогаш, тие склучиле полиси за осигурување со пет осигурителни компании во случај на несреќа со големи очекувани отштети и рати. Тие наскоро ги платија првите рати на полисата, а на Јулија требало да и се исплати 1,1 милиони евра компензација во случај на инвалидитет, а на почетокот на минатата година останала без шака.


Според полицискиот извештај, сè се случило во дворот на родителите на нејзиното момче, кога Јулија ја изгубила раката. Таткото на Себастијан (64) и укажал прва помош, а потоа повикал брза помош, но тој не им го дал отсечениот дел од раката, туку го оставил на местото на несреќата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет знаци дека сте во врска со вистинската личност

Го запознавте партнерот од соништата и веќе некое време сте заедно. Сакате да верувате дека …