ВОЛШЕБЕН ПРАВ – Ги балансира хормоните и ја зголемува плодноста: Прашок кој им помага на жените веќе 1000 години!

Мака (Lepidium meyenii) е перуанско растение од семејството зелки кое расте на надморска височина поголема од 2400 метри.
Изгледа како корен од целер, додека неговиот вкус потсетува на печен овес. Разликуваме примери со три вида корени: жолт, црвен и црн. Секој вид корен е богат со вредни хранливи материи.

На нашиот пазар,главно доаѓа во форма на прав и се смета за супер храна, односно многу корисен додаток кој има корисен ефект врз здравјето на жените. Богат е со витамините Б, Ц и Е, има многу калциум, цинк, железо, магнезиум и фосфор.
Полн е со лековити работи а во Јужна Америка и се користи повеќе од илјада години. Покрај тоа, некои археолошки докази сугерираат дека била одгледувана во областа околу езерото Чинчајчуча уште во 1700 година п.н.е.


Маката спаѓа во групата адаптогени растенија кои ја зголемуваат отпорноста на организмот на стрес, но и на разни надворешни фактори. Покрај тоа, ги балансира хормоните, ги ублажува симптомите на менопауза, ја зголемува густината на коските, помага во изградбата на мускулите, но исто така ја ублажува и депресијата.
Ја зголемува сексуалната желба кај мажите и подвижноста на спермата, поради што некои ја нарекуваат природна вијагра, што ја зголемува можноста за зачнување.
Згора на тоа, дава дополнителна енергија, поради што некои луѓе ќе се чувствуваат како,после потрошувачката, да се поврзани на полнач. Легендата вели дека Инките им давале Мака на своите воини за да ја зголемат нивната издржливост и сила.


Прашокот од мака обично се зема со јогурти, смути и слични течни оброци. Може да се додаде и на слатки како чиа пудинг или мус од чоколадо. Иако може да се спои со која било храна, има најдобар вкус кога се меша со агруми и какао.
Не се пријавени несакани ефекти со правилно конзумирање на мака во прав (приближно една кафена лажичка на ден). Но, ако сакате да ги испробате придобивките од прашокот на ова растение, претходно консултирајте се со нутриционист и/или лекар.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Мексиканка е новата Мис на светот

Престижниот избор за убавина „Мис универзум 2020“ се одржа во Флорида, а годинашна победничка е …