(ВИДЕО) СЕЛЕКТИВНА ПРАВДА – Словенецот пред 10. дена во Њујорк го направил истото што и Ѓоковиќ: Не е исфрлен!

Во светот на спортот исфрлањето на Новак Ѓоковиќ во четвртото коло на УС Опен предизвика шок бидејќи најдобриот тенисер во светот ненамерно го удри линискиот судија со топка.
Во првиот сет против Пабло Каренјо Буста, при резултат 6:5 за противникот, Ѓоковиќ изнервиран од губењето на гемот, ја шудри топката и случајно го удри судијата во врат, кој падна. Ѓоковиќ веднаш притрча кон неа, извинувајќи се и и’ помогна.
Сепак, немаше помош за трикратниот победник на Грен слем турнирот во Њујорк и тој беше дисквалификуван за неспортско однесување, според правилата. Не му помогна ниту извинувањето до судијата што го удри, ниту долгата дискусија со претставниците на турнирот во центарот на теренот.
Сепак, пред само десетина дена и на истото место, тенисер кој го стори истото како Ѓоковиќ беше поштеден.
Словенечкиот тенисер Ајаж Бедене, играјќи го Мастерсот во Синсинати, што се одржа на терените на УС Опен, во лутина со топчето го удрил снимателот кој го снимаше мечот зад теренот.

Судијата го прекинал натпреварот и ги повикал челниците на турнирот да се консултираат дали да го суспендираат Бедене. Сепак, била донесена одлука дека снимателот, за разлика од судијата кој беше удрен од Ѓоковиќ, се зазел за својот „џелат“, го прифатил неговото извинување дека бил погоден случајно и дека немал никакви последици.
На истото место и десет дена подоцна, на Ѓоковиќ му пресуди театралната реакција на судијата кој ја погоди топката, а по одлука на управата на турнирот, тој остана без можност по четврти пат да го подигне пехарот во Флешинг Медоус.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) СВЕТСКО ПРВЕНСТВО – Хрватите денеска го играат вториот натпревар во Катар, а на програмата е и дербито меѓу Шпанија и Германија

Светското првенство во Катар денеска продолжува со четири нови натпревари од второто коло, а најинтересен …