(Рецепт) ВИТАМИНСКА БОМБА СО МЕД! Оваа комбинација ќе ви го зајакне ИМУНИТЕТОТ, а се прави од неколку СОСТОЈКИ!

Имунитет е способност на организмот да се брани од разни болести, вирусни, бактериски и габични инфекции, како и од сите штетни биолошки и хемиски супстанции. Соодветно на тоа, имунолошкиот систем е најважниот одбранбен систем што го имаме и без него би биле подложни на сите напаѓачи на нашето здравје и нормално функционирање на организмот.


Оваа витаминска бомба ќе ви помогне да го зајакнете имунитетот и да останете здрави, а лесно се прави.
Потребни состојки:
– 100 гр суво грозје
– 150 гр ореви
– 100 гр бадеми
– кора од два лимона
– 100 гр суви кајсии
– 100 гр сливи
– 250-300 гр мед



Јатките можете сами да ги комбинирате, нема ништо да расипете, напротив, ако додадете лешници, индиски ореви или бразилски ореви – на вашата „витаминска бомба“ ќе додадете само калории и сила.
Јаткастите плодови, односно оревите, се неизбежна храна за долг и здрав живот. Неколку ореви дневно имаат превентивно влијание врз срцевите заболувања, антиканцерогени, промовираат губење на тежината, одлични се во борбата против несоницата и се препорачуваат за подобра меморија. И подготвено вака со мед, лимон и суво овошје – тоа е вистинскиот избор.


Начин на подготовка:
Сомелете во мелница за мелење месо: суво грозје, ореви, бадеми и кора од лимон. Може да користите и блендер ако имате со поголема моќност, која ќе успее да ги соедини и да ги исецка сите состојки. Во смесата додадете сок од два лимона, чија кора претходно сте ја сомлеле. Промешајте, потоа, додадете сливи и суви кајсии. Исецкајте ги исто така, но одделно. Промешајте. На крај додадете го медот и повторно промешајте .
Оставете да стои на темно место 1-2 дена.
За деца постари од 3 години – 1 лажичка двапати на ден, по можност наутро на празен стомак и попладне помеѓу ручек и вечера.
За возрасни: 1-2 лажици три пати на ден
Теглата не е потребно да се чува во фрижидер, но пожелно е да не стои на многу топло место.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали се држите за раце или не? Дали шетате прегрнати? Што може да открие ОДЕЊЕТО ПО УЛИЦА за вашата ВРСКА!

Има ли нешто поромантично од есенска прошетка со саканата личност? Зборувајќи за тоа, дали имате …