(ФОТО) Скапо: Објавена новата цена за VW Golf 8 GTI

Волксваген денес официјално ја започна продажбата на најмоќната, конвенционална верзија на новиот „голф“. Легендарниот „GTI“ во осмата генерација ќе чини скоро 40.000 евра, што го става во ценовниот опсег на премиум моделите.
Секако еден од најпосакуваните модели во Европа е „голфот“ на Волксваген. Ова го покажуваат бројките за продажба од памтивек, дури и од јули 2020. година, бидејќи осмата генерација со над 30.000 регистрирани примероци е повторно најпродаваниот модел од цела Европа.
Сега официјално започна продажбата на верзијата „GTI“, која досега е продадена во 2,3 милиони примероци, а во осмата генерација доаѓа со моќен дволитарски бензинец од 245 КС и 370 Nm.


Цената за новиот „GTI“ е 37.607 евра. Сепак, тоа подразбира менувач DSG, па кога ќе биде достапен во верзија со рачен менувач, моќниот „голф“ треба да биде подостапен. Новиот спортски автомобил од VW ги користи најсовремените технологии кои ја подигнуваат динамиката на возење на повисоко ниво. Тоа е новиот централен систем „менаџер за динамика на возило“, кој ги координира сите електромеханички делови и по избор нуди напредна поддршка за DCC.


Внатре, новиот „GTI“ не се разликува многу од стандардната „осумка“, бидејќи ја користи истата дигитализирана кабина, во која сè е сместено во поставка за „широк екран“. Секако, суштинската разлика е во седиштата, бидејќи „GTI“ го нуди оној со култен кариран дизајн.



Од друга страна, има многу повидливи разлики однадвор, така што „GTI“ се издвојува со подинамичен дизајн на предните и задните браници, пошироки влезови на воздух, а LED светлата се пониски и се поврзани со светлечка „решетка“. На задниот дел се наоѓа спојлер на покривот, дифузор и две кружни издувни цевки.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Овие возачи мислеле дека возат низ локва, а потоа се изненадиле…

САМО ретките теренски возила смеат да возат низ водени препреки подлабоки од половина метар, додека …