(ФОТО) Понежната страна на Холивуд: Тие посвоија деца!

Многу sвезди го користат своето богатство за да им помогнат на другите луѓе кои имаат потреба. Тие ги донираат своите пари на хуманитарни организации, промовираат идеи за кои мислат дека ќе го подобрат светот, а многу од нив посвојуваат деца бездомници.
Откријте во следните редови кои се славни личности го делеле својот дом со напуштени деца и ги направиле дел од нивното семејство.
Кејт Бланшет


Кејт Бланшет и нејзиниот сопруг Ендру Аптон ја посвоиле ќерката Идит во 2015. година. Патем, во тоа време тие веќе имаа три биолошки деца. Познатата актерка изјавила дека таа и нејзиниот сопруг сакале да посвојат дете уште од раѓањето на нивниот прв син.

Том Круз


Том Круз и неговата поранешна сопруга Никол Кидман во 1995 година ги посвоија девојчето Изабела Џејн и момчето Конор Ентони. За жал, ова семејство не траеше долго, бидејќи Круз и Кидман се разведоа во 2001 година.

Мишел Фајфер


Познатата актерка одлучи, кога беше сама, да го посвои девојчето Клаудија Роуз. Процесот на посвојување завршил во 1993 година. Истата година, Мишел се омажила за нејзиниот сегашен сопруг Дејвид И.Кели. Оваа брачна двојка следната година добила син.

Френсис Мекдорманд
Оскаровката Френсис Мекдорманд има едно дете со нејзиниот сопруг, славниот режисер Џоел Коен. Во 1995. година, тие посвоија момче, Педро од Парагвај. Интересно,и самата Франсис е посвоена.

Мег Рајан


Популарната актерка беше сингл кога посвои 14-месечно девојче од Кина во 2006. година. Таа самата се грижеше за малата Дејзи во следните четири години, а од 2010. година на помош и пријде и нејзиното ново момче, пејачот Џон Меленкамп.
Двојката, за жал, се разведе во 2019. година, па Мег повторно стана самохрана мајка.

Кристин Дејвис
Ѕвездата од серијата „Сексот и градот“ усвои две деца: ќерката Џема во 2011. и синот Вилсон во 2018. За Кристин Дејвис, главен приоритет се нејзините деца, кои се афро-американци, да бидат запознаени со културата на нивните предци и сонародници од иста раса.

Ангелина Џоли


Ангелина Џоли е позната по својата хуманитарна работа. Таа посвои дури три деца: Медокс од Камбоџа, Захара од Етиопија и Пекс од Виетнам.

Но, деца имаат усвоено и оскаровките Шарлиз Терон, Сандра Булок, Дајана Китон, Калиста Флокхарт, сопругата на Харисон Форд но и многу други…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+РЕЦЕПТ) МОЌЕН СОК ОД КРАСТАВИЦА: Напиток кој ќе ве разлади и ослободи од токсини!

Сокот од краставица ќе ви помогне да се разладите во жешките летни денови. Сокот од …