(ФОТО) Бали бег го сменил имиџот – и не им се допаѓа на сите

Згодниот турски актер Бурак Озџивит неодамна се решил за промена што на неговите фанови не им се допаднала.
Фаталниот турски актер, познат по улогата на Бали-бег во серијата „Сулејман Величествениот“, со години е неостварен сон на жените ширум светот. Бурак ги сруши нивните слатки соништа кога пред неколку години се ожени со својата колешка Фахрије Евџен, со која минатата година доби син. Сега, се чини, тој повторно растажи некои од нив.

Имено, актерот прво објавил фотографија од фризерскиот салон непосредно пред стрижење, на што некои веднаш реагираа.
„Зошто го правиш ова, премногу си убав со оваа фризура. Те молам кажи ми дека се шегуваш“, апелирал еден од неговите фанови на Инстаграм.
Дека не се шегувал, Бурак тоа го соопшти во следниот пост во кој покажа нова фризура, видно пократка.
Згодниот Турчин ја задржа брадата, но сепак се ослободи од својата подолга коса, што е негов заштитен знак. Поради тоа, некои дури рекле дека изгледа смешно, и дека веќе не е толку секси.

View this post on Instagram

Kısa saç ? – Uzun saç?🥊

A post shared by Burak Özçivit (@burakozcivit) on

Имало и такви кои напишаажле дека убавиот маж е секогаш убав, без оглед на неговата фризура. А, во секој случај, косата ќе порасне.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Путерот е неверојатен ХИДРАНТ за кожата на лицето! За секое нанесување, кожата ќе ви каже БЛАГОДАРАМ!

Доколку сè уште немате „путер за тело“ во вашето шкафче за креми, сега е вистинско …