Турската актерка Мерием Узерли, позната по улогата на Султана Хурем во серијата „Сулејман Величествениот“, чека уште едно дете, пренесуваат турските медиуми.
„Јас сум бремена пет месеци. Ако сè оди како што треба, ќе родам девојче во јануари. Лара долго сакаше брат или сестра, пресреќна сум што нејзината желба наскоро ќе се оствари. И јас сум среќна затоа што засновам свое семејство“, изјавила Мерием за медиумите.
Актерката ја има шестгодишната ќерка Лара, која ја доби во врска со 17-години постариот претприемач Кан Атес. Сепак, пред раѓањето на девојчето, двојката ги прекина сите контакти.
Маријам го крие својот приватен живот од јавноста, па не сакала да открие кој е таткото на детето што го чека, иако еднаш изјавила дека е среќно заљубена.
Се шпекулира дека нејзината нова љубов и татко на детето може да биде нејзиниот колега Каглар Ертугрул, а наскоро ќе работат заедно на филм за бомбардирањето на Србија во 1999. година. Каглар експлицитно побарал да работи со Мерием.
Актерката, чија мајка е Германка, се пресели од Турција во Берлин поради здравствени проблеми, каде неодамна започна свој бизнис. Имено, таа отвори продавница за здрави слатки во центарот на Берлин.