(ФОТО Кетрин Зита Џонс објавила ретка фотографија од децата, фановите во шок:„Колку ти личат!“

Актерката Кетрин Зита Џонс на социјалните мрежи ретко објавува семејни фотографии. Сепак, таа сега направила исклучок и објавила фотографија од нејзините две деца, 17-годишната ќерка Керис и 20-годишниот Дилан.
“Летото официјално заврши во нашето семејство. Денес, нашите млади се враќаат на учење. На различни начини, без преседан. Ве сакам и двајцата … И порака за сите деца. Знаењето е клучот за животот. Значи, борете се. И ова ќе помине“, напишала актерката под фотографијата што самата ја снимила.

Фановите биле во шок од тоа колку многу личат Кетрин и нејзините деца.
„Убави деца – изгледаат исто како нивната мајка“, „Убави деца од прекрасни родители“, „Прекрасно семејство, тој изгледа исто како неговата мајка“, се некои од коментарите под објавата.
Семејството неодамна се врати од одмор во Мајорка, а Кетрин и Мајкл се подготвуваат да ја прослават 20-годишнината од бракот.
„Заради пандемската ситуација, нема да правиме голема забава, јас и онака не сум некој фан на забавата“, изјавила актерката претходно за „People“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Уште една повреда на Харисон Форд – сега станува збор за рамото

Актерот Харисон Форд го повредил рамото додека вежбал за борбена сцена за време на снимањето …