(ФОТО) „ВЧЕРА НАПРАВИВ ТЕСТ, ПОЗИТИВЕН Е!“: Претседателот на општината Крива Паланка е позитивен на корона вирус

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, ги известил своите следбеници на социјалните мрежи дека е позитивен на вирусот корона и дека се повлекува во самоизолација, а од денес до 9. септември нема да работи, освен во случај на итни потреби.
„Почитувани пријатели, роднини и сограѓани, ве известувам дека по појавувањето на вториот позитивен случај на КОВИД 19, од редовите на вработените во општинската администрација, вчера направив тест, и е позитивен. Затоа се повлекувам во изолацијата на домот. Екипи од Институтот за јавно здравје веќе ги дезинфицираат просториите на општинската администрација. Никој не е имун, носете маски и следете ги препорачаните мерки“, напишал Мицевски.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Во најубавиот европски воз, сите ги исклучуваат телефоните

Возењето со најлуксузниот воз во Европа трае осум часа, почетна точка е Цермат, последна Св. …