(ВИДЕО) Ѓоковиќ со пресврт до 3. коло на УС Опен

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на УС Опен, откако за три часа и 13 минути игра го совлада Британецот, Кајл Едмунд со 6:7 (5-7), 6:3, 6:4, 6:2. Ѓоковиќ сега има резултат од 25-0 оваа сезона.


Ѓоковиќ така го победи Едмунд во шест од седумте пресметки, а во третото коло ќе игра со Јан-Леонард Штруф, кој го совлада Мајкл Моа со 6:2, 6:2, 7:5. Новак води со 4-0 против Германецот, а минатата недела му остави само четири гема во „Синсинати“.

По жешкото време во Њујорк, Новак имаше тешка задача, а кога го загуби првиот сет по 70. минути, се чинеше дека ни претстои долга вечер. Сепак, сервисот работеше, а како одминуваше времето, Едмунд правеше повеќе грешки, особено набекхенд. Во четвртиот сет Ѓоковиќ, кој дотогаш беше малку резервиран, ја испушти раката и се’ почесто напаѓаше, па го заврши мечот во одличен стил.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Меси и соиграчите направиле лудило во соблекувалната по победата против Мексико

Фудбалерите на Аргентина веќе во првото коло на Светското првенство во Катар ги разочараа своите …