(ВИДЕО+ФОТО) Новак Ѓоковиќ: „Отсуството на Роџер и Рафа не влијае на мене!“

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вели дека мечот со Кајл Едмунд бил вистинскиот тест за него.
Првиот рекет во светот славеше по пресвртот со 3:1 во сетови и се пласираше во третото коло на УС Опен.
“Имаше подеми и падови за време на мечот, игравме повеќе од три часа, но Кајл е силен противник. Ова беше вистински тест за мене. Секако дека секогаш може да се случи да изгубам сет. Всушност, мило ми е што се случи, и што денес бев на таков тест. Драго ми е кога имам тежок натпревар во раните фази на турнирот, тоа подобро ме подготвува за остатокот од турнирот“, рече Новак.
Не сметајќи го првиот сет, кој Британецот го доби во тајбрејк, Ѓоковиќ забележа триумф без многу проблеми.

“Моите шанси за победа растеа колку подолго траеше натпреварот. Особено против играч како Едмунд, кој троши многу енергија. Играше напорно, добро сервираше, погодуваше со форхенд, но знаев дека физички ќе падне во одреден момент. Требаше само да останам верен на мојата игра и да го задржам фокусот“.
Во третото коло во петок, Србинот го чека дуел со Јан-Ленард Штруф.
“Не се чувствувам уморен. Не мислам дека ќе има проблеми со енергијата, се чувствувам многу добро. Во вакви ситуации, искуството многу ми помага, а јас веќе 15. години сум на турот. Ќе го правам она што најмногу ми одговара и ќе се надевам на најдоброто на турнирот”.


Патот на Ѓоковиќ до четвртата титула во Њујорк беше олеснет поради отсуството на големите ривали Роџер Федерер и Рафаел Надал.
“Како влијае нивното отсуство врз мене? Никако. Има големо влијание на турнирот, бидејќи тие се легенди на овој спорт, но не и на мене. Мислам дека конкуренцијата е сè уште многу силна”, заклучи Новак.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Постигнал гол за ТВ шпици од речиси половина терен откако издриблал еден играч!

Фудбалерот на Порта направи потег што со години ќе се емитува на ТВ -емисиите во …