(ВИДЕО) После три породувања има тело од соништата: Овие навики се заслужни за одличниот изглед на пејачката!

Дури и после три породувања нејзината фигура изгледа одлично
Таа цел живот се грижеше за својот изглед, па дури и три раѓања не можеа да ја нарушат нејзината совршена фигура. Сиера се врати во теретана само неколку недели по раѓањето на третото дете.
Како и секој пат, таа ќе се врати во форма за кратко време, таа е сигурна. Затоа реши да сподели на Инстаграм, со своите следбеници, како изгледаат нејзините тренинзи, благодарение на што за кратко време согорува маснотии од своето тело.
„Многу е важно да го сфатите тренингот како забава, тогаш сè е многу полесно“, вели таа.
„По вежбањето, се чувствувам одлично и мислам дека тоа е важно и за физичкото и за менталното здравје.
Кога станува збор за исхраната, таа се обидува да јаде здраво и храна со што е можно помалку маснотии.

View this post on Instagram

Partner 4 Life 💪🏽❤️

A post shared by Ciara (@ciara) on

“Мојата исхрана се заснова на месо, овошје и зеленчук и воопшто не е напорна за изведување. Не е диета, тоа е начин на живот. Јас не сум гладна во ниту еден момент, а килограмите не ми се лепат”, вели таа.
Нејзиниот ручек и вечера се состојат од парче месо и голема порција зеленчук, за појадок јаде кајгана или овесна каша, додека ужинките се состојат од овошје во умерени количини.
Таа се обидува да пие што повеќе вода во текот на денот, бидејќи хидратацијата игра клучна улога во активирање на метаболизмот, но и во изгледот.
Што се однесува до вежбањето, нејзините тренинзи се базираат на кардио програма во најголем дел, во периодот кога сака да се ослободи од насобраните килограми. Кога ќе ја донесе тежината на посакуваното ниво, таа започнува со тренинзи кои ги обликуваат нејзините мускули.
Погледнете на видеата како изгледаат нејзините:

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) ИСКРЕНО – Принцот Хари, во интервјуто кое сите го чекаат, си ја отворил душата кај Опра: „Моја најголема грижа беше да не се повтори историјата!“

Долго најавуваното интервју на Меган Маркл и принцот Хари со најпопуларната водителка ќе се емитува …