(ВИДЕО+ФОТО) ЃОКОВИЌ МОЌНО ПО 18. ГРЕНД СЛЕМ ТРОФЕЈ: Новак загуби само 6.гема во дуелот со Џумхур

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, го победи Дамир Џумхур со 3:0, во сетови 6:1, 6:4, 6: 1 во првото коло на УС Опен.
Во второто коло од првиот Грен слем, кое се игра за време на круната, Ѓоковиќ за ривал ќе го има Кајл Едмунд, кој го совлада Александар Бублик со 3:0.


Ова беше 23-ти последователен триумф на Ѓоковиќ оваа сезона, и е на добар пат да го собори неговиот рекорд од 2011 година, кога забележа 41. победа во низа. Ако ги реши следните шест натпревари во своја полза, тоа ќе значи дека ќа ја освои 18-та грен слем титула, што би го приближило до Роџер Федерер за две грен слем титули.

Најдобриот светски тенисер беше доминантен во првиот и третиот сет, додека во вториот, босанскиот тенисер пружи посилен отпор.
Новак поведе со 5:0 во првиот сет, а потоа Џумхур го доби единствениот гем во првиот сет. Џумхур успеа да го добие гемот, но Новак рутински го приведе сетот кон крајот со освојување на последниот поен на мрежата – 6:1 за 23 минути.

Ѓоковиќ направи рана брејк и во вториот сет, но Дамир веднаш возврати. Тогаш тенисерите пропуштија уште неколку можности за наизменичен брејк, така што Џумхур со двојна грешка на сервисот му овозможи на Новак да поведе со 5:4. На Новак не му беше лесно да стигне до вториот сет. Поведе со 40:15, а потоа направи две грешки. Сепак, Новак ја реализираше третата сет топка за 2:0.


Практично, со тоа Ѓоковиќ го скрши отпорот на Џумхур. Тој направи брејк рано во третиот сет и лесно стигна до 4:1. Тој скоро рутински го приведе натпреварот до крај и ја заврши работата по скоро два часа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) НАСЛОВНА СТРАНИЦА КОЈА КРЕНА ПРАШИНА: Синди Крафорд (55) позирала за Вог – без облека!

Насловната страница на списанието „Вог“ е украсена со нејзин портрет со нагласена фризура, но една …