Шарени плескавици од тиквички – од рерна

Во сезоната на тиквички и пиперки ви препорачуваме еден одличен рецепт за многу вкусен ручек…
Состојки:
1 помалечка тиквичка
1 поголем морков
1 поголема пиперка
4 чена лук
сечкан магдонос
коцка сирење или кисела павлака
2 јајца
2 полни лажици лебни трошки
2 лажици брашно
сол
масло
Подготовка:тиквичката излупете ја и изрендајте на крупно. Морковот исчистете го и изрендајте на ситно ренде. Пиперката исечете ја на ситни коцки. Се насолете, измешајте и оставете 10. минути. Потоа со раце убаво исцедете. Во исцедениот дел додајте изронето сирење, пасиран лук, јајца, брашно, лебни трошки и магдонос.
Тавата намачкајте ја со масло, од смесата правете плескавици и наредете ги. Печете во рерна загреана на 190. степени околу 40. минути.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ослободете се од проблемите со кожата со сода бикарбона – Доаѓа времето на комарците, а…

Сода бикарбоната има навистина чудесно дејство Иако сме навикнати да ја користиме во исхраната, таа …